Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Организатори на свадби откриваат: 7 најлуди работи на кои биле сведоци

Колку и да се убави свадбите, мора да бидеме реални – тие ретко поминуваат без скандали и изненадувања.

organizatori-na-svadbi-otrkrivaat-7-najludi-raboti-na-koi-bile-svedoci-01.jpg

Комбинацијата на возбуда и стрес, плус еден куп роднини и пријатели кои „ви висат“ на врат, едноставно носи до лудило.

А, кој може најдобро да го види сето тоа од страна? Нормално, оние кои ја организираат целата свадба.

Корисниците на Reddit откриваат кои се најлошите работи на кои биле сведок на свадбите кои ги организирале:

„Еднаш се појави поранешната вереница на младоженецот непоканета, ја зема невестинската торта и ја фрли во младенците. Таа не дочека, ги грабна и шишињата со вино од масата и почна да ги фрла по земја. Ова не беше баш добар почеток за свадба...“

organizatori-na-svadbi-otrkrivaat-7-najludi-raboti-na-koi-bile-svedoci-002.jpg

„Една невеста падна во криза бидејќи нејзината пријателка планирала да прави свадба истата година, без разлика што нивната свадба е во октомври, а на пријателката во јуни. “

„Мајката на младоженецот ми се јави за промена на датумот на свадбата, но кога се јавив за да потврдам со младоженците, тие кажаа дека не знаат ништо за тоа и ми рекоа да ја игнорирам мајката.“

organizatori-na-svadbi-otrkrivaat-7-najludi-raboti-na-koi-bile-svedoci-03.jpg

„Мојот пријател, кој е организатор на свадби, доби повик од невестата неколку дена пред свадбата. Дали повикот беше за цвеќињата или за декорациите? Секако дека не. Невестата се јави за да му каже дека е заљубена во него!“

„Младоженецот доцнеше 30 минути на церемонијата во црква, а невестата цели 2 часа. Потоа, двајцата се опија во лимузината и заспаа. Тие толку многу доцнеа на примот на гости, што половина гости си отидоа пред тие да дојдат.“

organizatori-na-svadbi-otrkrivaat-7-najludi-raboti-na-koi-bile-svedoci-04.jpg

„Една невеста толку многу се фалеше дека уживала во храната, за подоцна да напише лоша препорака на Yelp за кетерингот. Таа кажа дека ќе го тргне нејзиниот коментар, само ако кетеринг службата ѝ даде попуст.“

„Сте слушнале за правилото да не носите бело на туѓа свадба? Епа јас видов невеста која истура сос врз гостинка која носеше бел костим на нејзината свадба. Но, тоа беше смешно и плус госпоѓата си го заслужи!“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg