6 тајни кои мажите преферираат да не ги кажат никому
Што и колку знаеме за мажите? Дефинитивно знаеме дека се мистериозни суштества.
Не сакаат да споделуваат многу информации, попрво би молчеле отколку да дискутираат, што на жените страшно им оди на нерви.
Затоа, ви помагаме да откриете кои тајни преферираат да не ви ги кажат, бидејќи како што би рекле - „нема да разберете“.
Им требаат моменти кога се чувствуваат нежно и разгалено
Ќе ви звучи чудно и неочекувано, но има моменти кога посакуваат да го заборават силниот штит. Понекогаш само сакаат добро друштво и прекрасни, идилични моменти.
Мажите не забележуваат ситници
Мажите размислуваат глобално. Не се обидуваат да забележуваат ситници како жените. Токму затоа и повеќе уживаат во убавината на нештата, без анализирање и ситничарење.
Мислењето на банални работи им помага да се релаксираат
Жена како жена, се прашува за што ли размислува мажот кога е отсутен со мислите и погледот. И додека вие мислите дека веднаш нешто не е во ред, голема е веројатноста мажот да размислува за обликот на криглата пиво или бездомникот на кој му дал 10 денари, но можеби требало повеќе.
Имаат нерационални стравови
Општеството им ја наметнува улогата на бестрашни херои, што не е нормално за било кое човечко суштество. Затоа и не сакаат да ги дискутираат своите стравови, посебно ако се нерационални или детски или едноставно не можат да објаснат од каде потекнуваат.
Ги гледаат и анализираат девојките кои поминуваат
Убавите работи им го привлекуваат окото и тука нема ништо лошо. Мажите секогаш ќе се завртат по убава девојка или жена, без оглед на тоа дали таа има сопруг и деца покрај себе. Неважно, тоа им е во природата и е сосема нормално.
Ја ценат поддршката многу повеќе од очекуваното
Мажите имаат потреба од поддршка исто колку и жените. Стресот и темпото на живот се исти за сите, па затоа не заборавајте дека и едно „браво “ и „можеш“ ќе биде од голема помош.
М. Д. | Црнобело