12 работи кои ќе ги разберат само оние кои патувале со најдобрата пријателка

Без разлика на колку патувања ќе отидете во текот на животот, она со најдобрата пријателка е незаменливо.

12-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-patuvale-so-najdobrata-prijatelka-01.jpg

Безброј незаборавни моменти, спомени и незаменливи искуства кои засекогаш ќе ви останат во срцето.

Оние кои патувале со своите најдобри пријателки добро ќе ги разберат овие работи, а оние кои досега не го направиле тоа, се надеваме дека ќе се обидат да испланираат една таква авантура.

1. Имате повеќе спомени и приказни со таа личност отколку со било кој друг

А, тоа ги тера сите да ги превртат очите кога ќе почнете да раскажувате за некој момент од патувањето пред сите...

12-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-patuvale-so-najdobrata-prijatelka-02.jpg

2. Со спомените доаѓаат и интерните шеги

Но за жал никој од другите пријатели не ги разбира... па тоа носи повеќе превртување очи.

12-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-patuvale-so-najdobrata-prijatelka-06.gif

3. Но, на кого му е гајле за превртувањето очи кога вие ги имате најубавите Инстаграм фотки?

Веројатно и неколку недели по патувањето сѐ уште ставате фотки со хаштаг #TB, бидејќи едноставно немало кога да ги објавите сите.

4. Ги усовршивте „случајните“ фотосесии и ги научивте најдобрите пози и агли на најдобрата другарка

А тоа е способност која тешко се стекнува и ќе ви послужи на двете во иднина. Уште фотки, некој?

12-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-patuvale-so-najdobrata-prijatelka-03.jpg

5. Никогаш не ни помислувавте дека ќе се карате за тоа кој која фотка да ја објави

Бидејќи и двете знаете дека е една таа што ќе донесе најмногу лајкови!

12-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-patuvale-so-najdobrata-prijatelka-04.jpg

6. Секако има и моменти во кои сте се карале како никогаш дотогаш

Нормално е да ги „истресете“ емоциите на вашите најблиски, но тоа уште повеќе ве зближува и брзо го заборавате.

7. Веројатно сте дознале за пријателката нови работи, а и таа за вас

Што значи дека мора да останете пријателки засекогаш – сигурно не сакате некоја приказна да се прошири во цело друштво.

8. Престанавте да се осудувате една со друга

Одамна го поминавте ова ниво. Можеби уште во моментот кога видовте дека таа носи долен дел бикини наместо гаќи, постојано? Или некоја друга чудна ситуација?

9. Секогаш ќе се чувствувате пријатно и опуштено во нејзино друштво

Бидејќи сфативте дека тишината не мора секогаш да е чудна.

12-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-patuvale-so-najdobrata-prijatelka-05.jpg

10. Ја познавате вашата пријателка подобро од било кој друг

Внатрешно и надворешно, ја познавате подобро од самите себе.

11. Моментот кога ќе слушнете песна која ви буди спомени од патувањето

И повторно интерни шеги. И повторно превртување со очи...

12-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-koi-patuvale-so-najdobrata-prijatelka-07.gif

12. Вашите заеднички пријатели се луд избор на луѓе од цел свет

А тоа носи многу ноќи поминати на Facebook потсетувајќи се на секој од нив и на незаборавните неповторливи моменти.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg