Проверено: 4 техники кои ја зајакнуваат интуицијата

Што точно претставува интуицијата? Дали е некоја натприродна сила или пак мозокот само ги анализира фактите на несвесно ниво и ги претвора во претчувства?

provereno-4-tehniki-koi-ja-zajaknuvaat-intuicijata-01.jpg

Каква и да е точната дефиниција, несомнено е дека интуицијата постои и е поразвиена кај жените отколку кај мажите.

Ако сакате да ја зајакнете, практикувајте ги овие 4 техники кои проверено делуваат:

Обрнете внимание на чувството во стомакот

Честопати, луѓето велат дека интуицијата доаѓа од стомакот. Верувале или не, оваа дефиниција е точна. Ако имате чудно чувство во стомакот, не го игнорирајте. Забележете во кој момент се појавува, дали кога зборувате со некоја личност или кога правите нешто? Како се чувствувате во тој момент – нервозно или опуштено?

Фатете го моментот

Интуицијата обично доаѓа во краток момент, таканаречен „аха“ момент. Ако во одреден миг ви дојде мисла: „Аха, треба да се слушнам со неа“, или „Аха, тој ќе ми помогне за оваа работа“, никако не го игнорирајте тоа. Следете го.

provereno-4-tehniki-koi-ja-zajaknuvaat-intuicijata-02.jpg

Обрнете внимание на енергетското ниво

Постојат луѓе кои се нарекуваат „енергетски вампири“ кои ви ја цицаат енергијата. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате кога сте во друштво со некого – дали ви е убаво и пријатно или одвај чекате да се тргнете од тоа друштво.

Медитирајте 3 минути

Потребни се само три минути во денот за да дојдете во допир со својата интуиција. Седете во тишина, во друштво со самите себе. Практикувајте го ова и за некое време ќе почувствувате разлика.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg