Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто паметните луѓе носат погрешни одлуки?

Коефициентот на интелигенција не е пресуден кога станува збор за донесувањето одлуки во животот.

zoshto-pametnite-lugje-donesuvaat-pogreshni-odluki-01_1.jpg

Најновата студија на група психолози објавена во списанието Research Digest истакнува дека коефициентот на интелигенција помага за подобри оценки или подобар просек на факултет, но кога станува збор за донесувањето одлуки, пресудна е способноста за критичко размислување.

Сите знаеме некој кој е многу паметен, а сепак прави глупави грешки, како на пример оставање на клучевите внатре во автомобилот или „паѓање“ на евтини лаги и измами на интернет. Во истражувањето спроведено на 244 кандидати, психолозите ги тестирале интелигенцијата и критичкото размислување.

Одговорите на прашањата за снаодливост во секојдневни животни ситуации укажале на слаба поврзаност помеѓу интелигенцијата и критичкото расудување. Кандидатите навеле негативни примери од лично искуство, меѓу кои: испраќање смс пораки на погрешни луѓе и заклучување на сами себе надвор од станот, но и поголеми грешки, како на пример долг на кредитната картичка поголем од 1000 долари, позајмување пари за коцкање и секс без заштита.

Луѓето кои навеле помал број на вакви проблеми покажале поголема способност за критичко размислување, додека оние со повисок коефициент на интелигенција одговориле дека тешко можат да се снајдат со вакви секојдневни проблеми.

Сето ова значи дека интелигенцијата во животот е важна, но за да правиме правилни избори, важно е да можеме правилно и рационално да расудуваме за работите.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg