Најнов тренд во пластичната хирургија: Операција со која се прават дупчиња на образите
Кога станува збор за пластичната хирургија и какви сè желби постојат кај луѓето, веќе ништо не може да нè изненади.
Докторите се усовршуваат во какви сé не операции - од зголемување, намалување или поткревање на градите и задникот, па сè до додавање вештачки бенки и пеги на лицето и телото.
Повеќето луѓе се согласни дека дупчињата на образите се привлечни и шармантни црти на лицето, но некои луѓе одат дотаму што сакаат да ги имаат по секоја цена.
„Dimpleplasty“ е името на овој нов тренд во светот на естетската хирургија, кој станува сè попопуларен кај младата популација.
https://www.instagram.com/p/BOCuU0wjAvw/
Како инспирација на младите за овој изглед им служат Миранда Кер, Хари Стајлс и Аријана Гранде.
За оваа операција, докторите прават засек во устата на пациентот, односно во мускулот на образите, каде се прави ефектот на дупче.
https://www.instagram.com/p/BTqm4LQg5Gx/
Сепак, оваа операција не е трајна, туку привремена и ефектот се задржува од еден до два месеца. Цените се движат од 615 до 1920 евра.
М. В. | Црнобело