Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јога вежби кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете

Многу луѓе ја имаат таа моќ кога ќе легнат во кревет веднаш да заспијат, но има и многу на кои тоа едноставно не им успева.

joga-vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-zaspiete-01.jpg

Ако сте од вторите, сигурно ви се случило да легнете и долго време да се превртувате во кревет, па да седите на телефон или да пуштите филм за да може да заспиете.

Сепак, не е сѐ така црно и постои начин на кој ќе може да го смирите невниот систем, да се ослободите од стресот и да се релаксирате за неколку минути.

Овие 6 едноставни јога пози ќе ви помогнат да заспиете „како бебе“:

1. Нозе кренати на ѕид

Легнете на грб со нозете кон ѕидот и ставете перница под половината. Кренете ги нозете така што петите и колената ќе бидат во иста линија, а рацете спуштете ги исправено покрај телото.

Останете во оваа позиција 2 минути.

joga-vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-zaspiete-02.jpg

2. На стомак

Легнете на стомак врз перница и вкрстете ги прстите на рацете зад грбот. Вдишете длабоко, свиткајте ги грбот и стапалата и обидете се да ги допрете петите со вашите раце.

Потоа полека спуштете се надоле, издишувајќи. Повторете ја вежбата 5-10 пати.

joga-vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-zaspiete-03.jpg

3. Раширени нозе

Седнете со нозете широко одвоени и ставете перница пред вас. Исправете го грбот и вдишете најдлабоко што можете. Потоа, полека издишувајте и истегнувајќи ги рацете нанапред легнете на перницата.

Лежете во оваа позиција, вдишете и издишете 10 пати и потоа кренете се.

joga-vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-zaspiete-04.jpg

4. Споени стапала

Легнете на грб врз перница, спојте го долниот дел на двете стапала и раширете ги колената нанадвор. Рацете спуштете ги исправено покрај телото со дланките свртени нагоре. Дишете длабоко и еднакво.

Останете во оваа позиција 3 минути.

joga-vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-zaspiete-05.jpg

5. Вртење во легната позиција

Легнете на грб, свиткајте ги колената и спојте ги. Полека навалете ги нозете на едната страна, држејќи ги со рацете. Останете во таа положба 1 минута, а потоа сменете страна. Повторете 2 пати на секоја страна.

joga-vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-zaspiete-06.jpg

6. Лежење на грб

Легнете удобно на грб врз перница. Раширете ги малку нозете и ставете ги рацете покрај телото со дланките нагоре. Главата и рбетот нека бидат во иста линија. Вдишете длабоко 3 пати и издишете низ нос.

Потоа вдишете 4 пати нормално и до тој момент веќе ќе треба да се чувствувате поспано и ќе заспиете во длабок сон.

joga-vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-pobrzo-da-zaspiete-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg