4 едноставни навики што ќе ве направат посреќни и поисполнети
Вежбањето благодарност нė учи да го сакаме животот што го имаме додека сме во трка по животот што го сакаме.
Истражувањата покажуваат дека волјата е како мускул. Можете да работите за да ја направите посилна, но не можете да ја зацврстите засекогаш.
За таа да оди секогаш по нагорна линија треба да формирате вистински навики. Тие ќе бидат мостот помеѓу тоа каде сте сега и каде сакате да бидете. Откако ќе ги формирате вашето патување кон успехот ќе биде ставено на автопилот.
Обидете се за почеток да усвоите барем една од овие 4 продуктивни навики и почувствувајте ја зголемената среќа и исполнетост.
Станувајте рано
Будењето рано е навика на најуспешните луѓе на светот. Теодор Рузвелт, Бенџамин Франклин, Ернест Хемингвеј, Имануел Кант и Томас Џеферсон се примери на луѓе кои станувале рано.
Студиите покажуваат дека оние кои стануваат порано се поконцентрирани, попродуктивни и понасочени кон тоа да ги реализираат работите што ги посакуваат. Исто така тие се посреќни и поздрави од ноќните птици.
Кога ќе станете рано, имате време да се фокусирате на планирање на денот и на работите што треба да бидат направени.
Медитирајте секој ден
Меѓу првокласните светски уметници како Џејми Фокс, Арнолд Шварценегер и Амелија Бун откриена е една најчеста заедничка карактеристика – медитирањето.
Медитацијата е вежба стара илјадници години, но дури неодамнешните истражувања ги открија нејзините огромни ефекти врз мозокот.
Истражување на Харвард покажа дека таа може да ја зголеми сивата маса на мозокот. Ова е делот од мозокот кој е поврзан со донесувањето на одлуките. А зарем животот не е збир од сите ваши одлуки?
Ако практикувате само 10 минути медитација на ден, ќе го подобрите квалитетот на вашиот живот. Медитацијата го намалува стресот, ја подобрува концентрацијата, го намалува стареењето и ја зголемува среќата. Влијае на секој аспект од животот.
Читајте по 30 минути секој ден
Читањето е како таблета која ќе ве извади од матрицата на општеството. Читањето на дела од прекрасни мажи и жени ќе ви покаже што всушност е можно.
Кога гледате некој успешен човек на телевизија имате една перцепција, но кога ќе ја прочитате неговата автобиографија дознавате за грешките што ги правел, за пречките со кои се соочувал и за лекциите што ги научил. Тогаш сфаќате дека и тој всушност е човек како вас и тоа што еден човек можел да го направи, може и друг.
Изложете се на најразличен вид на книги и идеи за да ја развиете динамиката и перспективата на гледање на животот.
Вежбајте благодарност
Вежбањето благодарност нė учи да го сакаме животот што го имаме додека сме во трка по животот што го сакаме.
Во човечката природа е да се споредуваме со тие што имаат повеќе од нас. Но кога ќе сфатиме дека малите чуда од едноставниот живот се важни (пристап до чиста вода, способност да одиме, топол кревет за да спиеме) ќе гледаме на поинаков начин.
Секој ден запишувајте по пет работи за кои сте благодарни и за кусо време ќе станете пооптимистични, ќе се чувствувате подобро околу вашиот живот и ќе имате подобро здравје.
Практикувањето благодарност буквално го менува вашиот мозок и ве прави посреќна и поисполнета личност.
С. С. | Црнобело