Ресторан во Лондон за сите што се опседнати со сликање на храна за Инстаграм

Ако сте и вие од оние кои сакаат да ја сликаат храната во ресторани за да ја објават на Инстаграм, тогаш сигурно знаете колку тоа може да биде тешко ако сте перфекционисти.

restoran-vo-london-nudi-oprema-za-slikanje-na-hranata-za-site-ljubiteli-na-instagram-01.jpg

Веројатно ви се случило да не им дозволувате на другите на масата да почнат да јадат додека вие не ја направите совршената фотка.

Па, дури и ако некогаш тоа значи да се пресрамите и да станете за да ја „фатите“ цела маса во кадар.

restoran-vo-london-nudi-oprema-za-slikanje-na-hranata-za-site-ljubiteli-na-instagram-03.jpg

Токму поради ова, ресторанот Dirty Bones во Лондон дошол до одлична идеја да им се приближи на љубителите на Инстаграм со тоа што ќе им помогне во сликањето нудејќи им целосна опрема која е потребна за тоа.

Инстаграм опремата вклучува ЛЕД светло за камерата, полнач за различни уреди, додаток за поширок агол на објективот и статив со селфи стапче за фотки од над масата кои ќе изгледаат одлично.

Кој не би посакал да го има ова и кај нас?

restoran-vo-london-nudi-oprema-za-slikanje-na-hranata-za-site-ljubiteli-na-instagram-02.jpg

Од ресторанот велат: „Луѓето сакаат да споделат што јадат на социјалните мрежи, па сакавме да им излеземе во пресрет и да направиме нешто со што ќе им помогнеме да ја добијат беспрекорната фотка, независно од светлината или периодот во денот.“

„Исто така, сѐ повеќе луѓето го користат Инстаграм за да им помогне да дознаат каде да јадат кога немаат идеја, па вака ние можеме да бидете сигурни дека сите ќе добиваат најдобар приказ од нашата храна и пијалаци.“ – продолжија од ресторанот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
6 ресторани ширум светот во кои е речиси невозможно да резервирате маса - се чека и по неколку годин... Во мал ресторан во Бристол има само осум маси, а ако се јавите сега, ќе добиете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg