7 знаци дека најдобрата пријателка ви љубомори
Љубомората може ја уништи врската од било каков вид. Пријателите се тука да ни го „чуваат грбот“, а ако најдобрата пријателка ви е љубоморна, тоа значи дека нешто не е во ред.
Пријателите се многу повеќе од „рамо за плачење“ кога имате проблеми во љубовната врска или на работа. Тие, исто така, треба да ви се и потпора за сè што правите во животот.
Но, љубоморниот пријател е најопасен непријател. А, доколку најдобрата пријателка ви љубомори, не само што нема да може да сметате на нејзината помош, туку и обете ќе бидете повредени.
Без оглед на тоа дали заработувате повеќе пари од нив, или, пак, го прославувате некој од важните животни настани, како што се веридбата или раѓањето дете, што и тие потајно или јавно го посакуваат – најдобрите пријатели не треба да се љубоморни на вас.
Затоа, доколку ги забележите овие седум знаци на љубомора и кај својата најдобра пријателка, вистинско време е да поразговарате со неа:
1. Секогаш мора да победи
Ниту пријателството е натпреварување, ниту, пак, целта на здравиот пријателски однос е да се биде најдобар во сè. Ако ви се случи нешто убаво, или, можеби сте си купиле нов фустан, а пријателката сака да ве засени, нешто не е во ред.
2. Сè ѝ е неправедно
Доколку се забавувате цело лето и задоволни сте од љубовниот живот, а на вашата пријателка ништо не ѝ поаѓа од рака, сосема различни се ситуациите во кои таа ќе се пошегува на своја сметка, од тие во кои константно ви говори дека тоа „не е фер“.
3. Ве гледа „под око“
Ако пријателката цело време се обидува да ви ја поправи косата или она што го носите на себе, тоа е уште знак на љубомора. Во спротивно, искрено би сакала да изгледате поубаво.
4. Не ви ги слуша „добрите вести“
Сте се нашле ли некогаш во ситуација да се сретнете со поранешно момче, кое ви соопштува дека ќе се жени, само 6 месеци по вашето раскинување? На тоа, само „кисело“ би му се насмевале и одговориле: „Многу сум среќна поради тебе!“. Доколку на слична реакција наидете и од својата најдобра пријателка, тогаш кога ќе ѝ кажете дека сте ја пронашле „работата од соништата“ или сте ги отплатиле долговите, речиси сигурно е љубоморна.
5. Не е ваша поддршка
Бидејќи е ваша најдобра пријателка, невообичаено е ако не забележи нешто позитивно кое ви случило, а тогаш кога ќе почнете да ѝ зборувате за истото, да ја промени темата или да ја намали неговата важност.
6. Негативна е
Ако ѝ кажете дека во клубот сте запознале пресладок дечко, откако таа си заминала, а пријателката ви возврати дека такви момци немало таму, веројатно е љубоморна.
7. Прави споредби
Постојаното потенцирање дека вие сте израснале со повеќе пари, или, пак, дека вашиот успех и не е баш „ваш“, исто така укажува на тоа дека пријателката ви е љубоморна.
Препознавте ли одредено љубоморно однесување на вашата најдобра пријателка? Или, пак, можеби и вие самите покажувате знаци на љубомора во пријателскиот однос?
М. А. | Црнобело