Дали сте слушнале за „Икигаи“, јапонската техника за среќен живот?

Многу луѓе го поминуваат животот во чекање на среќата и одлагање на работите. Велат дека ќе бидат среќни откако ќе добијат нешто и со тоа ги одлагаат сите шанси за уживање во сегашноста.

ikigai-japonska-tehnika-za-srekjen-zhivot-01.jpg

Јапонците развиле интересен концепт за среќен и успешен кој го нарекуваат „икигаи“. Според икигаи, луѓето треба да живеат автентичен живот и да бидат искрени кон другите, но и кон самите себе за она што сакаат да го постигнат.

Според нив, животот е поделен на пет дела: работа, семејство, хоби за кое имате страст, цел кон која се стремите и религиозни верувања. Секој дел претставува едно „икигаи“ кое е индивидуално и различно за секого.

За да го откриете вашето „икигаи“, треба да одговорите на следниве прашања:

1. Што е она што го сакам?

2. Во што сум добар?

3. Што му недостасува на светот?

4. За што можам да бидам платен?

ikigai-japonska-tehnika-za-srekjen-zhivot-02.jpg

Ова се неколку совети според овој животен концепт:

Размислете зошто нешто правите.

Запомнете дека ништо не е 100% сигурно.

Погледнете го она што се наоѓа пред вас.

Земете си доволно време за да размислите пред да донесете одлука.

Опкружете со мала група на луѓе кои ќе ви бидат блиски како семејство.

Одвреме-навреме, преиспитајте си го вашето „икигаи“.  

ikigai-japonska-tehnika-za-srekjen-zhivot-03.png

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg