На журка или во пензија: Со колку години сте престари за излегување во ноќни клубови?
Конечно имаме и научно потковани факти, кои ни откриваат кога некој е премногу стар за да ги посетува градските дискотеки. Што мислите, се наоѓате ли групата „старци“, на кои возраста веќе не им е соодветна за активен ноќен живот?
Од клубовите и излегувањата што бараат будна состојба до раните утрински часови, некои се откажуваат уште во дваесеттите, додека други енергично живеат за викендите и во доцните триесетти, па и во четириесеттите.
Велат годините се само бројка, а стари сте толку - колку што се чувствувате, но може ли да се стави прст на одредена бројка, со која и официјално станувате „баби и дедовци“ во светот на журкањето? На која возраст сте зрели за пензија од ноќниот живот?
Злобниците би рекле и со 25 години, меѓутоа резултатите од неодамна спроведеното истражување, откриваат дека возрасната граница е повисока. Ама, сепак постои.
Имено, мнозинството испитаници сметаат дека е недопустливо за личност над 37 години и понатаму да оди на журки во клубови. Некои од испитаниците дури изјавиле и дека тоа им е „мизерно“ и „трагично“.
Почнувајќи од 31-та година, пак, луѓето полека се повлекуваат од ноќниот живот, а тоа значи дека попрво сакаат да ги поминат викендите во мирот на својот дом, отколку да излегуваат навечер.
Како клучни фактори за ваквата одлука, наведуваат дека не им се трошат повеќе пари на излегувања, не сакаат да губат време на бирање гардероба или шминкање, но и дека колку се постари, толку потешко го поднесуваат мамурлакот.
Се разбира, оние со деца имаат уште еден изговор за останување дома.
Matt Walburn, маркетинг директорот на компанијата „Currys PC World“, која и го спровела истражувањето на примерок од 5000 испитанци, воопшто не е изненаден од резултатите до кои дошле, а по тој повод изјавува:
„Колку сме поблиску до средните години, толку удобноста и комфорот на домот ни значат повеќе од премногу активниот социјален живот, со мноштво претерувања и редовни одења на журки секој викенд.“
Што се однесува до причинителите, покрај удобноста на домот, Walburn ја наведува и модерната технологија:
„Технологијата е уште една од причините за пореткото излегување. Денес, ретко се случува да ни е досадно додека сме дома, бидејќи секогаш може да пронајдеме нешто интересно на интернет, или, пак, да гледаме филмови на модерните ТВ уреди, кои ни пружаат искуство кое е речиси исто како на кино.“
Официјално, со навршени 37 години сте престари за влез во градските дискотеки. За пензија од ноќниот живот, пак, почнете да си се подготвувате уште во раните 30-ти.
Се согласувате ли - кое е вашето мислење на оваа тема?
М. А. | Црнобело