10 работи кои ќе ви го трујат животот сè додека ги толерирате
Постои тврдење дека луѓето ќе ве третираат токму онака како што ќе им дозволите и тоа е сосема точно.
Оваа листа е составена од 10 работи кои НЕ смее да ги дозволите, бидејќи ви го трујат животот.
1. Се срамите од својот изглед
Кога се работи за изгледот, вистина е дека треба да следите некои основни правила кои се однесуваат на вашата тежина или градбата на телото. Но, она што никако не смее да го правите е да се чувствувате „виновни“ затоа што не сте облечени по најнова мода. Запомнете дека луѓето секогаш имаат по некој коментар.
2. Мора да одберете помеѓу кариера и приватен живот
Не е реткост семејството да страда заради работата или обратно. Но, не смее да се согласите на било која од двете опции. Работете на добриот менаџмент на времето и смислете начини и планови кои ќе ви помогнат да постигнете баланс. Оставете простор за блиските личности, за хобијата и приватните интереси.
3. Сè во животот ви е веќе одлучено и испланирано
Голема е шансата вашите родители веќе да ви го испланирале животот како што тие го замислиле, но дали навистина сакате да исполнувате туѓи желби? Ова е ваш живот. Вие ќе ги сносите последиците од одлуките и заклучоците, па затоа имате право сами да ги одлучите.
4. Имате врски кои ве прават несреќни
Никој не вели дека на првата пречка треба да раскинете. Но, ако животот ви е полесен без одредена личност, тогаш треба да се запрашате зошто уште сте заедно.
5. Одлуки и коментари базирани на полот
Вашето тело е само ваше и никому не должите ништо. Дури и ако одлуките и коментарите произлегуваат од вашиот партнер/партнерка, не треба да имате симпатии и разбирање. Во овој случај треба да бидете себични.
6. Константна измама
Не навлегувајте во мрежата на измами. Таа подоцна се пренесува на секој аспект од вашиот живот – пријатели, роднини, партнер...
7. Непочитување на работното место
За жал, многумина го толерираат непочитувањето од колегите и надредените заради „мир на работното место“. Сепак, ако се најдете во таква ситуација, не треба двапати да размислите дали да реагирате.
8. Физичко и психичко малтретирање
За ова нема никакво оправдување. Вашето физичко и психичко здравје е на прво место и секој кој се обидува да го наруши, треба да биде пријавен.
9. Константна контрола
Ако некој постојано ви ги мери минутите и ви го следи секој чекор, без разлика дали се работи за родители, пријатели и ли партнер, не значи дека премногу се грижат. На сите им е потребен личен простор и сосема е нормално да го имате и вие.
10. Префрлање на сметка на несовршеностите
Перфекцијата е мит. Идеален сопруг, идеална сопруга, идеално дете се поими кои не постојат. А, промените на вашите несовршености не секогаш значат дека луѓето повеќе ќе ве сакаат.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





