7 мали трикови кои ги научивме во училиште и сѐ уште функционираат
Некои од работите кои што можат да ни го олеснат животот се толку едноставни и може да бидат корисни за повеќе генерации. Сепак, тие мали трикови со текот на времето се забораваат и стануваат нешто што го споменуваме во стилот „баба ми кажа дека...“
Во продолжение ќе прочитате 7 едноставни трикови од нашето детство кои од најразлични причини можеби сме ги заборавиле:
Одредување за колку време ќе зајде сонцето
Спојте ги прстите на раката и исправете ја дланката така што сонцето ќе лежи на показалецот. Сега избројте колку прсти има од хоризонтот до сонцето. Секој од прстите означува 15 минути до зајдисонцето.
Научете колку денови има во секој од месеците
Стиснете ги дланките во тупаница и почнете да ги броите месеците почнувајќи од зглобот на малиот прст. Секој зглоб и секоја вдлабнатина помеѓу зглобовите на прстите се по еден месец.
Ако месецот се паѓа на зглоб, тоа значи дека има 31 ден, а ако се паѓа на вдлабнатина, значи дека има 30 дена (или помалку, како февруари).
Како да знаете дали месечината е млада или е последна четвртина?
За најлесно да му објасните на вашето дете како да распознава дали месечината е млада и наскоро ќе биде полна или веќе била полна и сега заоѓа, кажете му да го исправи прстот и да го стави на месечината.
Ако со прстот се образува буквата „Р“ тогаш месечината е млада, а ако се образува буквата „С“ тогаш е во последната четвртина.
Проверете дали батериите се исправни
Многу лесно може да се провери дали батеријата е полна или празна. Подигнете ги двете батерии 1 до 2 cm над масата и пуштете ги да паднат. Батеријата којашто ќе се одбие и ќе падне е празна.
Друг начин да проверите е да го лизнете плусот на батеријата. Ако батеријата е полна ќе осетите непријатен кисел вкус, сепак генерално овој начин не го препорачуваме бидејќи е нехигиенски.
Таблица множење на прсти
Вообичаено децата лесно успеваат да ги запаметат таблиците множење за малите броеви, но имаат проблем со поголемите броеви 6, 7, 8 и 9. За да му помогнете на вашето дете научете го на овој едноставен трик.
Свртете ги дланките за да ги гледате од внатрешната страна и одредете број за секој од прстите, почнувајки од најмалиот прст, од 6 до 10. На пример, за да помножите 7 по 8, спојте го прстот кој е со број 7 на левата рака со прстот кој е со број 8 на десната рака.
Бројот на прсти надолу претставува бројот на десетки од помножената бројка, значи има 5 десетки. Бројот на прсти нагоре од едната рака се множи со бројот на прсти нагоре од другата рака, значи 3 по 2 изнесува 6. Вкупно, 5 десетки, плус 6 изнесува 56.
На овој начин можете брзо да множите со 6, 7 и 8.
Проверка на должината на предметите
Често имаме потреба да ја измериме приближната должина на одредени предмети, но раката не е линијар. Сепак, има начин да се снајдете користејќи ги прстите на едната рака.
Во склад со човечките пропорции, растојанието помеѓу врвот на палецот и врвот на показалецот е приближно 18 сантиметри, а растојанието помеѓу врвот на палецот и малиот прст е приближно 20 сантиметри.
Секако оваа метода не е доволно точна бидејќи секој од нас има различни дланки, но може да биде корисна ако сакате да измерите приближна големина на поголем предмет.
Одредете колку степени има некој агол
Раширете ги прстите на раката и легнете ја дланката на површината на која треба да го измерите аголот. Малиот прст мора да биде најдолу и означува 0 степени.
Аголот помеѓу малиот прст и палецот е 90 степени, а аглите помеѓу останатите прсти и малиот прст се приближно 30, 45 и 60 степени.
(О)Милена | Црнобело