Сѐ уште не сте виделе сѐ: 5 работи кои вреди да знаете како се прават
Секојдневно сме опкружени со стотици работи кои ги користиме и консумираме, но никој од нас не се запрашал како всушност се направени тие производи.
Знаете ли како изгледа процесот на производство на кармините, сапуните, чоколадото или маскарата?
Погледнете ги овие кратки видеа со објаснување, што барем малку ќе ви го доближат процесот на создавање на овие работи, пред финалниот производ да дојде во нашите раце:
Кармин
- Карминот обично содржи 5 состојки: ланолин, масло, восок, боја и седеф.
- Се користат многу бои за овој производ, вклучувајки жолта, црна и сина. Боите се мешаат за да се добијат различни нијанси.
- Кармините се секогаш парфимирани. Ако не се парфимираат, ќе имаат мирис на восок од свеќа.
Чоколадо
- Чоколадото се прави од зрна од какао, кои се собираат, се чистат и ферментираат во специјални кутии 8 дена. Потоа зрната се сушат и испраќаат во фабриките за чоколадо.
- Таму зрната се сортираат и печат, па се мешаат со млеко и шеќер. Потоа, чоколадото се вари околу 12 часа.
- Температурата и влажноста се постојано набљудувани во секоја фаза на производството, бидејќи тоа влијае на изгледот и вкусот на финалниот производ.
Маскара
- Главната состојка на секоја маскара е пигмент. Други вообичаени состојки се вода, восок и масла.
- Во зависност од целта на маскарата, се менува и нејзиниот состав. На пример, ако е за издолжување на трепките, тогаш содржи многу флексибилни полимери и микрофибер, додека пак водоотпорната содржи многу парафин.
Сапун
- Основни состојки на сапунот се масла и масти.
- Варењето на сапунот наликува на варење на супа. Тие кои го прават сапунот, постојано гледаат да не претече и ја мешаат смесата со посебна лопата. Откако ќе се свари, сапунот стои 36 часа за пастата од сапунот да се смири и зацврсти.
Чипс
- За добар чипс е потребен и добр одбран компир, а не било каков. Малите компири исто така нема да завршат работа. За да се направи чипс од 500 грама, потребно е речиси 2 килограми компир.
- Компирот се сече на парчиња не подебели од 1.33 милиметри и потоа се пржат само 3 минути.
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот
Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените)
Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...

7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати)
Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни)
Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж
Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...