Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Паметни одговори: Како да вратите на арогантните прашања?

Тешко е да се биде во друштво на арогантни луѓе. Мислат дека се подобри од другите и постојано сакаат да ги омаловажуваат луѓето околу нив со поставување на „незгодни“ прашања.

pametni-odgovori-kako-da-vratite-na-arogantnite-prashanja-1.jpg

Повеќето луѓе сакаат или да го избегнат одговорот, или да се тргнат од ситуацијата. Но, најдоброто решение е да им се спротивставите и да покажете интегритет. Еве неколку генијални одговори на провокациите на арогантните луѓе кои вреди да ги примените:

„На која основа заклучи дека треба да го кажеш ова?“

Со ваков тип на прашање го предизвикувате арогантниот соговорник да го објасни тоа што го кажал. Целта е да го натерате да размисли и да сфати дека кажал нешто навредливо и безобразно.

„Тоа е само едно гледиште на работите“

Сите имаат право на свое мислење, но арогантните луѓе не го почитуваат тоа и сметаат дека нивното мислење е правилно. Треба да им покажете дека не се согласувате со нивниот став и дека постојат и други гледишта на истата работа.

„Ова звучеше умислено, сигурен сум дека не го мислеше“

На овој начин, им давате шанса на арогантните личности да објаснат што точно мислеле и да се исправат, а истовремено им давате до знаење дека сепак ги сметате за добри личности кои понекогаш кажуваат несфатливи работи.

„Всушност, мајка ми е член на...“

Кога арогантните личности сакаат да омаловажат група на луѓе, најдобро е да ги оправдате вашите ставови со тоа што ќе кажете дека некој ваш близок припаѓа на таа група. Овој одговор ќе ги шокира, а некои од нив ќе пробаат и да се извинат.

„Би ти бил/а благодарен/на ако го завршиме овој разговор“

Како што арогантниот соговорник сака да биде главен во некој разговор, така вие можете и да го прекинете. Овие луѓе сакаат долги монолози во кои ќе се прават најпаметни, па понекогаш најдобра опција е да ги прекинете за да не отидат предалеку.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
11 луѓе со уникатни природни карактеристики или белези што ги прават посебни „Тоа што прстот ми е искривен конечно се исплати - во спротивно шајката ќе ми го...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg