Фрижидер и када? Најчудните работи што патниците се обиделе да ги внесат во авион

Многу патници низ светот мака мачат да внесат што е можно повеќе работи во патна торба во авион.

frizhider-i-kada-najchudnite-raboti-shto-nekoi-patnici-se-obidele-da-gi-vnesat-vo-avion-01.jpg

Правилата во однос на големина на куфер и работи кои смеат да се внесат се строги и важат за сите, без исклучок.

Истражувањата на компанијата Virgin Atlantic покажале дека некои патници се доста креативни за тоа што сé може да се „пикне“ како багаж: златни рипки, гуми за автомобил, делови од мебел и што ли уште не.

Прочитајте ги најчудните работи кои некој се обидел да ги внесе во авион:

Златни рипки

Еден патник кој патувал од Барбадос се обидел да внесе четири живи златни рипки во кеса со вода.

Фрижидер

Патници на аеродромот во Лас Вегас донеле цел фрижидер кој сакале да го стават како багаж.

frizhider-i-kada-najchudnite-raboti-shto-nekoi-patnici-se-obidele-da-gi-vnesat-vo-avion-03.jpg

Када

Патник кој патувал од Лондон до Јоханесбург се обидел да пренесе када.

Мртво животно

Можеби најбизарниот багаж што некој мислел дека може да помине – мртва крава замотана во фолија. Летот бил од Њујорк за Лондон.

Делови од автомобил

Често се случува патници да носат гуми од автомобил со цел да ги пренесат до дома. Еден патник еднаш се обидел да пренесе браник од автомобил. Бил одбиен, се разбира.

frizhider-i-kada-najchudnite-raboti-shto-nekoi-patnici-se-obidele-da-gi-vnesat-vo-avion-05.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg