Како да заштедите пари додека сте на одмор?

Конечно собравте доволно пари за да отидете на одмор. Секако дека сакате да си поминете убаво и да не се откажувате од одредени задоволства.

kako-da-zashtedite-pari-dodeka-ste-na-odmor-01.jpg

Но, постојат неколку паметни начини да заштедите пари без да правите големи жртви и компромиси.

Букирајте лет пред време

Кога станува збор за авионски билети, тајмингот е најважен. Колку порано букирате, толку помала цена ќе чини билетот. Најдобро време за закажување лет е 54 дена пред да тргнете. Следете ги веб-страниците кои ве известуваат кои денови има попуст за летање на одредена дестинација. Пример е сајтот Scyscanner.

Ценкајте се

Анкетите покажале дека само 28% од гостите бараат подобра понуда на рецепција во хотелот во кој престојуваат, а дури 78% од нив и ја добиваат. Совет плус: ако се чекирате после 18 часот, имате шанса да добиете подобра соба.

Користете јавен превоз или велосипед

Јавниот превоз или возењето велосипед во странство е подобра опција од тоа да изнајмите автомобил или да се возите со такси. Обично се продаваат пакет-билети, дневни или со повеќе возења, кои се најисплатливи. Плус, ќе можете да запознаете интересни делови од тоа место.

kako-da-zashtedite-pari-dodeka-ste-na-odmor-02.jpg

Плаќајте со картичка

Плаќањето со картичка во странство има свои предности. Проверете дали вашата картичка има дополнителни трошоци за плаќање во странство. Ако нема, ќе добиете подобар курс отколку во менувачница. А, ако картичката нуди опција за бонуси за патувања, ќе соберете поени за следните патувања.

Симнете апликации за попуст

Пред да отидете на саканата дестинација, проверете каде има купони за попуст (во стил на Groupon). Така секогаш ќе знаете што нуди тоа место и ќе заштедите пари.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg