Седнете на кафе, па легнете си: Се отвори кафуле за спиење во Мадрид
Siesta and Go е името на новото кафуле што се отвори во Мадрид, а е наменето за сите што се враќаат од работа уморни, да можат да си прилегнат по напорниот ден.
Традицијата на попладневна дремка (сиеста) во Шпанија постои со години наназад, па инвентивните сопственици нашле начин да го спроведат овој концепт во нивното кафуле.
Siesta and Go е сместено во дел од градот каде има најмногу фирми, банки, адвокатски канцеларии и други работни простории. Кафулето нуди простор со 19 кревети, заедно со чисти чаршафи, тампони за уши и посебен дел каде можете да испиете кафе или некој друг пијалак.
Не мора само да спиете, можете да читате книга, да вежбате јога или само да се одморите.
М. В. | Црнобело