11 трикови на локалите преку кои несвесно трошите повеќе

Рестораните, кафулињата, пекарите и сите останати локали за храна и пијалаци не се грижат само да им се вратите повторно, туку и да го извлечат максимумот од вашата нарачка.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-001.jpg

За таа цел, користат неколку трикови кои никогаш нема да ви ги признаат:

Мени за сите

Кога менито нуди нешто за „сечиј карактер“, на психолошки трик ги тера луѓето да не излезат од таму гладни и жедни.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-1.jpg

Музика

Докажано е дека повеќе јадеме кога слушаме музика или гледаме телевизија. На пример, класичната музика ги тера муштериите да јадат 10% повеќе.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-2.jpg

10% од оброкот

Повеќето клиенти немаат проблем да нарачаат додаток кој чини „ситно“, а додава одличен вкус. Па, затоа сосовите обично чинат 7 – 10% од еден просечен оброк, за никогаш да не можете да одбиете.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-3_copy.jpg

Компактно мени

Преголемиот избор може да ги збуни гостите. Трикот е во менијата на една страна, со големи букви и илустрации.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-4.jpg

Позитивно расположение на келнерите

Сосема логично, многу поголеми се шансите да нарачате нешто плус од позитивниот келнер, отколку од келнерот кој одбива да ве погледне во очи.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-5.jpg

Создавање легенда и приказна

„Муабетот“ е најдобрата реклама. Па, ако кажете дека нешто е направено по оригинален рецепт од Полска или Италија, или пак тврдите дека храната се прави по семеен рецепт чуван со години, слободно може да ја покачите цената над просекот.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-6.jpg

Екстра понуда

Келнерите по автоматизам ви го нудат најголемото кафе и пиво и прашуваат дали сакате екстра додатоци со весел тон. На тој начин ве ставаат во позиција да не можете да кажете не, туку по автоматизам да се согласите. Плус, никој не би нарачал нешто што во името содржи „обично“ или „мало“.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-7.jpg

Користење на репутацијата на готвачот

Секој „специјалитет на готвачот“ ќе се издвои во очите на гостинот.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-8.jpg

Маркетинг преку ароми

Факт е дека мирисот е најдобриот маркетинг кога се работи за храна. Ванилата и циметот помагаат за полесна продажба на десерти, додека мирисот на сланина ги тера луѓето да порачаат пообилен појадок. Лавандата обично ги тера гостите да се смират, да не брзаат, да останат подолго и со тоа да потрошат повеќе.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-9.jpg

Кревање на валканите чинии

Келнерите не „трчаат“ да ги кренат валканите чинии бидејќи сакаат, туку заради трик. На тој начин нема да знаете колку точно сте изеле и нарачале, па никогаш нема да нарачате уште едно чинивче плус.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-10.jpg

Манипулација со ситни пари

Ретко кој ги собира ситните пари од маса, па тоа значи поголем бакшиш.

11-trikovi-na-lokalite-preku-koi-nesvesno-trosite-povekje-pari-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg