8 делови од телото за кои не знаеме скоро ништо

Човечкиот организам е можеби најсовршената, но и најсложената креација која чекори по планетата Земја. И покрај напредокот на медицината и технологијата, сепак остануваат уште многу мистериозни работи поврзани со нашето тело и многу неодговорени прашања.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-001.jpg

Дали сте знаеле дека отстранувањето на кутикулите е всушност штетно по здравјето или дека операцијата која вклучува отстранување на крајници не е толку рутинска како онаа за слепо црево?

Дознајте неколку интересни факти во врска со следните 8 делови од човечкото тело:

Анатомско кутивче за миризлива сол

Ако го истегнете палецот на раката, ќе забележите мало триаголно вдлабнување кај спојот помеѓу палецот и дланката. Ова е тоа што докторите го нарекуваат анатомско кутивче за миризлива сол. Во минатото луѓето вдишувале сол или тутун во прав.

На ова место исто така може во секое време да се напипа радијалната артерија, дури и кога е пулсот слаб, бидејќи тука артеријата е заштитена само со кожата.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-02.jpg

Палецот на ногата

Сите знаеме каде се наоѓа, но ретко кој од нас размислува за фактот дека овој дел од телото ја извршува една од најважните функции во нашето тело.

Заради карактеристичната форма на палецот на ногата способни сме да балансираме исправени додека стоиме во место, што е една од главните разлики помеѓу луѓето и останатите цицачи.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-03.jpg

Глабела

Можеме да се обложиме дека не знаевте дека малиот дел од кожата помеѓу двете веѓи има свое име.

Сепак има име и се вика глабела. Таа, исто така, е важен дел од нашето тело бидејќи овозможува лесно да си ги провериме рефлексите во секое време.

Удрете со прстот неколку пати во пределот помеѓу веѓите. Ако вашите рефлекси се во ред, ќе почувствувате мало напрегање во очите и потреба да трепнете.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-04.jpg

Ресичката на јазикот

Овој мал преклоп под јазикот има важна функција: го фиксира јазикот во устата и го прави помалку флексибилен.

Ова спречува да ви се случи спонтано да го голтнете јазикот, што е од огромно значење за новородени бебиња кои сѐ уште не можат да си го контролираат телото.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-05.jpg

Трагус и антитрагус

Интересен факт: имињата на овие мали испакнатини на увото доаѓаат од латинскиот збор „tragos“ кој значи „коза“.

Трагусот ни помага да слушнеме звуци кои ни доаѓаат одзади, истите појачувајќи ги и детектирајќи го нивниот извор. Антитрагусот го прави истото со звуците кои ни доаѓаат однапред.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-06.jpg

Крајници

Многу од нас имале рутинска операција за вадење на крајниците додека сме биле деца. Овие лесни операции создаваат илузија да мислиме дека крајниците немаат функција, слично како и слепото црево. Но, тоа не е точно.

Крајниците се првата бариера која нѐ штити од бактерии и вируси со тоа што лачи лимфоцити. Кога крајниците ќе се воспалат и отстранат, телото сѐ уште има други механизми за да се заштити, но сепак со крајниците е побезбедно.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-07.jpg

Кутикулите на ноктите

Секој кој имал маникир барем еднаш го знае зборот „кутикули“. Тоа е цврсто парче кожа на границата помеѓу нокотот и прстот. Луѓето често ги сечат своите кутикули за да ги разубават своите раце, но ризикуваат многу.

Кутикулите всушност имаат многу важна функција: тие ги штитат нашите раце од штетни бактерии, кои се особено распространети во големите градови. Ако бактеријата навлезе во нашето тело преку мала рана настаната како резултат од сечење на кутикулите, миењето на рацете нема да помогне во спречување на нејзиното ширење.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-08.jpg

Филтрум

Повеќето специјалисти се сложуваат дека филтрумот е остаток од развојотна праисторискиот човек и имал цел да го подобри сетилото за мирис. Денес не ни треба толку добро чувство за мирис, но овој дел од телото постои за да нé потсети на нашите корени.

Дополнително, докторите можат да ја утврдат состојбата на новороденчето преку овој дел од телото. Понекогаш неправилниот филтрум е знак за аутизам или други состојби.

8-delovi-od-teloto-za-koi-ne-znaeme-skoro-nisto-09.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg