Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Никогаш не се виновни, сакаат скапи подароци: 5 ситници по кои ќе ги препознаете „нарцисите“

Нарцисоидните луѓе околу нас тешко може да се препознаат веднаш. На прв поглед изгледаат нормално, дури и допадливо и пријателски.

glumat-deka-vi-se-prijateli-no-nekolku-raboti-gi-izdavaat-kako-da-prepoznaete-narcisoidni-lichnosti-02.png

Но, по некое време сфаќаме дека сите реченици ги почнуваат со „јас“, се грижат само за своите желби и мислат дека се најдобри во сé. Колку и да глумат, има неколку работи што ги издаваат:

Лутина

Лутината е природна реакција на сите нас. Но, кај нарцисоидните личности е поизразена. Нивниот бес го искажуваат во неколку фази. Прво, негираат дека се лути и се прават дека ништо не им е. Ако се најдете во ваква ситуација, пробајте да останете смирени и на мирен начин да го решите проблемот.

Промени на расположение

Кај никој нема толку изразени промени на расположението како кај „нарцисите“. Од смирен и спокоен, за кратко време знае да полуди, и тоа за обична ситница. Во ваков случај, повлечете се и оставете работите да се „оладат“.

Обвинување други

Нарцисоидните луѓе за себе сметаат дека се најдобри и најпаметни, па никогаш не признаваат вина. Тие се секогаш жртва и секогаш други им се виновни за настанатите проблеми. Сакаат да ги казнуваат другите за нивните сопствени грешки. Не паѓајте во вакви замки.

glumat-deka-vi-se-prijateli-no-nekolku-raboti-gi-izdavaat-kako-da-prepoznaete-narcisisoidni-lichnosti-01.jpg

Не се сите гласни

Не се сите „нарциси“ гласни. Многу од нив се тивки и повлечени. Првиот тип отворено ги изразуваат негативните чувства, додека вторите седат, внимателно посматраат и чекаат да дојде нивниот ден за одмазда.

Материјалисти

Нарцисоидните личности се грижат за тоа како изгледаат. Всушност, тоа им е меѓу најважните работи во животот. Сакаат луксуз, трошење пари на облека и скапи предмети, сé со цел другите да им завидуваат и да докажат дека тие се најдобри и најуспешни.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg