Бакнување на железничка станица, плаќање со монети: 8 чудни работи кои се забранети низ светот
Ретко кога се интересираме за законот на земјите кои ги посетуваме, бидејќи сметаме дека тоа не нѐ засега нас како туристи.
Но, сепак, постојат некои ситни работи за кои треба да имаме познавање, за да нѐ спасат од непријатни ситуации.
Во продолжение, погледнете неколку такви закони, кои се толку чудни, што нема да ви се верува дека постојат.
8 работи кои се забранети во различни земји низ светот:
Во Обединетото Кралство забрането е да се јадат бисквити на Божиќ
Во 1964-та година, Оливер Кромвел забранил славење на Божиќ, бидејќи сметал дека е неморално, а со тоа и многу други работи поврзани со празникот биле забранети, како што се колачиња и бисквити, но само на тој ден.
Чудно е што законот не е укинат, па така секој Англичанец извршува криминал кога јаде бисквити на Божиќ, но никој не се грижи за тоа.
Во Обединетото Кралство не може да се допираат китови, ајкули
Уште еден чуден закон: сите китови, ајкули, делфини и други цицачи, во радиус од 5 километри од Обединетото Кралство, се сметаат за сопствеништво на Кралицата, па забранет е секаков контакт и допир со нив.
Во Кина не смеете да спасувате некој ако се дави
Овој чуден закон е поврзан со Источната филозофија, во која се тврди дека мешањето во судбината на некој човек е неморално. Сепак, скептичните луѓе, мислат дека високите органи во Кина, на тој начин само сакаат да ја контролираат популацијата.
Во Франција забрането е бакнување на железничка станица
Овој закон постои и во Франција и во некои делови од Обединетото Кралство.. Првпат законот се појавил во Франција во 1910-та година, кога многу возови се одложувале и доцнеле, поради парови кои не сакале да се разделат.
Сепак, постојан зони во кои бакнувањето е дозволено.
Во Италија забрането е да се хранат гулаби
Иако некаде е сосема во ред да се хранат гулабите со трошки леб, сепак во Венеција ова е нелегално и за тоа следи казна. Овој закон постои за да се спречи птиците да ги загадуваат убавите статуи и споменици.
Во Канада не смеете да платите само со ситни пари
Тука, не може да ја скршите касичката во која чувате монети, да си ги соберете парите и да си купите нешто само со нив. Според законот од 1985-та година, забрането е плаќање само со монети, ако сметката е поголема од 10 Канадски долари.
Во Самоа нелегално е да го заборавите роденденот на сопругата
Оваа земја е позната по своите невообичаени закони. Па така, ако се случи мажот да го заборави роденденот на својата сопруга, судот ќе го натера да плати казна, која оди директно во рацете на сопругата.
Во Тајланд не смеете да газите на пари
И конечно, закон што сите туристи кои одат во Тајланд треба да го знаат. Гледајте каде газите во оваа егзотична земја, бидејќи е нелегално да газите на пари со портрети од тајландски граѓани кои се врежани на нив.
М. М. | Црнобело