Инстаграм сензација: Како изгледа Барби во улога на модерна мајка? (фото)
Една од најважните работи во животот на модерната Барби се објавите на социјалните мрежи.
Жената која стои зад профилот под назив „Tiff_thebarbie“, вложила многу време и труд, а со цел популарната кукла Барби да ја прикаже како жена која ги поседува сите карактеристики на една модерна мајка, согласно трендовите и културните вредности на актуелниот милениум.
На урнебесниот профил што го следат над 30 илјади луѓе, Барби се претставува како мајка на две деца, која е во среќен брак, а деновите ги минува во игра со децата, опуштање со пријателките и создавање содржини за Инстаграм, со кои ќе привлече што повеќе следбеници.
Како мајка на 21-от век, Барби не ги испушта децата, но ниту паметниот телефон од рака, а бременоста ја слави со бројни, внимателно осмислени фотографии, каде опишува колку бебенцето има месеци или кога ќе пристигне на свет.
Младиот татко - Кен, пак, навикнат е на безбројните селфи фотки, па не му пречи повеќечасовното позирање на атрактивни локации и во домот што го споделува со своето пластично семејство, а како вистински модерен татко, тој самиот ги превезува децата на прегледите кај лекар и ги чува додека нивната мајка се забавува со пријателките.
Барби и Кен се подеднакво свесни за важноста која социјалните мрежи може да ја имаат во нивните животи, па на фотографиите се обидуваат да изрекламираат што повеќе производи, во надеж дека големите компании ќе им испратат пари или ангажираат за огласување.
Кафе од Starbucks, крофни на надувување за на базен, тренди комбинации облека – во животот на оваа Барби нема ништо што нема да видите на профилот на една мајка од новата генерација.
Погледнете како изгледа фантастичниот живот на русокосата мајка-трендсетерка:
М. А. | Црнобело