4 вежби со кои мозокот ќе го одржувате во форма и на стари години
Како што на мускулите им треба редовна вежба за да ги одржите во форма, така и на мозокот му треба редовно вежбање за да имате јасна меморија и здрав разум, дури и кога годините ќе почнат да го прават своето.
Овие четири вежби ќе ви помогнат да си ја зачувате меморијата и останатите когнитивни функции да бидат нормални, без разлика на годините:
Различно обоен текст
Пред вас стои листа на зборови напишани со различни бои. Почнувајќи од горе, па надолу, почнете да именувате со кои бои се напишани зборовите. Кога ќе стигнете до крајот на листата, вратете се нагоре и почнете да ги изговарате зборовите кои се напишани, без оглед на бојата.
Оваа вежба ја спречува појавата на Алцхајмер, бидејќи формира нови врски во мозокот и ја подобрува концентрацијата.
Табела на „шалтање“
Концентрирајте се на бројот 19 во средината. Потоа најдете ги што е можно побрзо сите броеви од еден до 25, по ред.
Оваа вежба ги зголемува рецепцијата на информации и нивната обработка.
Гестови со прсти
Поставете ги прстите така што истовремено ќе го направите и знакот за во ред и знакот за мир. Потоа гледајте гестовите да ги правите што е можно побрзо, неколкупати по ред. Потоа обидете се и со двете раце истовремено да гестикулирате.
Оваа вежба го тренира вниманието и ја развива вештината брзо да менувате од една на друга задача.
Синхронизирано пишување
За оваа вежба ќе ви бидат потребни два листа хартија и две пенкала. Обидете се да цртате две различни геометриски форми истовремено или две различни букви истовремено.
Оваа вежба го учи вашиот мозок симултано да раководи со повеќе задачи и ја развива активноста на двете хемисфери.
Уште неколку брзи совети:
1. Обидете се секојдневните активности да ги правите со раката која не ви е доминантна (пример, ако сте деснак, мијте ги забите со лева рака).
2. Додека се туширате или правите друга рутинска активност, обидете се истата да ја правите со затворени очи.
3. Често менувајте ги патеките по кои се движите додека одите од дома кон работа и обратно.
4. Додека гледате филм, изгасете го звукот и обидете се да се потпирате на гестикулациите на актерите за да сфатите за што зборуваат.
Н. Г. | Црнобело