10 работи кои му се случуваат на телото додека летате со авион

Кога конечно ќе дојде време да прелетате неколку часа за да стигнете до вашата омилена дестинација, сигурно не ни помислувате на ништо друго, освен на уживањето кое ве чека.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-01.jpg

Сигурно сте свесни дека на толкава висина се случуваат големи промени во телото. Дел од нив ги чувствувате, дел ги игнорирате.

Но, интересно е дека:

1. Нозете ви потекуваат

Авионот не е најкомотното место, па за жал недостатокот на простор за раздвижување, доведува до стагнирање на крвта во нозете. Недостатокот на правилна циркулација пак, води до потекување.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-02.jpg

2. Желбите за јадење се менуваат

Научниците откриле дека за време на летовите луѓето бараат поинакви работи од обично што јадат. На пример, „зависниците“ од чоколадо, во авион најчесто фантазираат за парче пица со солен кечап.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-03.jpg

3. Се појавува непријатен здив

Заради дехидратацијата, телото произведува помалку плунка, па ова е причината зошто може да се појави непријатен здив. Токму затоа секогаш паметен избор е гумата за џвакање и свежата храна додека сте на пат.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-04.jpg

4. Но, и проблеми со кожата

Уште една последица од недоволната хидратација – лупење на кожата и појава на акни.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-05.jpg

5. Поизразени се вртоглавиците и лошењето

Ова се случува заради стресот под кој сме свесно или несвесно. Намалете го стресот со тоа што ќе одберете седишта лоцирани до прозорецот.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-06.jpg

6. Седењето претставува проблем

Ако мислевте дека можете со часови да лежите и седите, во авион ќе се убедите во спротивното. Долгото седење го забавува метаболизмот, а воздушниот притисок предизвикува циркулација на гасови во невообичаен ритам.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-07.jpg

7. Ушите се затнуваат

Повторно заради воздушниот притисок, ќе почувствувате стишани звуци. Може да си помогнете со силно џвакање на мастика или лижење бонбонче.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-08.jpg

8. Може одеднаш да се јави забоболка

Многу луѓе кои летаат често забележуваат болка во забите. Причината е притисокот, па добро би било да го посетите стоматологот пред долгиот лет.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-09.jpg

9. Има големи шанси да внесете бактерии

Иако има големи напори да се исчисти водата во авионите, течноста неизбежно се среќава со сериозни бактерии. За да избегнете било каков ризик, пијте само флаширана вода.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-10.jpg

10. Станувате понервозни

Дури и оние кои не се плашат од авионските летови, за време на возењето во авион стануваат сериозни и напнати. Причината е загриженоста и сигурноста, колку и да не гледаме негативно. Па, добро би било да си најдете занимација како филм, книга или музика за приспивање.

10-raboti-koi-mu-se-slucuvaat-na-teloto-dodeka-letate-so-avion-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg