Ништо вредно не доаѓа лесно: Животна лекција раскажана низ комичен стрип
Рибата која е прикажана во овој стрип всушност нѐ претставува нас луѓето. Садот претставува лоша ситуација: може да биде работа, љубовна врска, или нешто друго, што не ни го нуди задоволството кое ни е потребно.
Се чувствуваме немотивирани и заглавени во рутината и комфор зоната. Што е потребно да направиме во ваков случај? Според мислењето на авторот, заминувањето е правилна опција.
Тоа не значи дека сме несигурни, туку дека знаеме што сакаме и во моментот кога не го добиваме она што ни е потребно, време е да го побараме на друго место!
Се разбира, тоа нема да биде лесно. Повеќето луѓе ја претпочитаат безбедноста, па затоа ги трпат непријатните ситуации и рутини, наместо да излезат од комфорната зона и да се обидат да стигнат до својот „океан“!
Океанот ги претставува нашите соништа, потреби и желби. Тоа е местото каде што сакаме да ја гледаме сопствената иднина.
Што е со болката? Болката е таму за да нè потсети дека на патот до целта, ќе се „изгориме“ многупати. Но, мора да продолжиме да се движиме!
Запомнете: Ништо вредно не доаѓа лесно, но на крајот, сите наши напори ќе бидат повеќе од достојни и наградата ќе дојде!
С. У. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





