Како да ги освоите луѓето за само 90 секунди?

Со овие мали тајни и техники, ќе им се допаднете на сите што ќе ги запознаете.

kako-da-gi-osvoite-lugjeto-za-samo-90-sekundi-1.png

Претставувањето трае само неколку секунди, но тоа е сосема доволно да создадете мислење за себе, кое што ќе ве следи и понатаму. Ако обрнете внимание на неколку мали детали, добриот впечаток ви е загарантиран.

Доколку сакате да им се допаднете на другите, основното правило е да бидете отворени, без предрасуди и заблуди, советува Николас Бутман, автор и говорник.

kako-da-gi-osvoite-lugjeto-za-samo-90-sekundi-2.jpg

Во книгата „Како да им се допаднете на луѓето во 90 секунди или помалку“, тој открива што сѐ влијае на првиот впечаток и како самите може да влијаеме на мислењето што другите го имаат за нас.

Ова се чекорите до кои треба да се придржувате за бидете успешни во намерата:

Прв чекор: Бидете отворени

Ако сакате да оставите добар впечаток, од особена важност е во секоја комуникација да влезете отворено, подеднакво со телото и ставот.

Кога е говорот на телото во прашање, срцето нека ви биде фокусна точка, ослободувајќи директен пат до него за другата страна.

Не го покривајте со рацете или дланките, а доколку носите јакна или сако, тогаш откопчајте ги претходно. Подеднакво битно е и да го негувате позитивниот став кон луѓето.

При поздравувањето или претставувањето, обидете се да ја почувствувате и бидете свесни за позитивноста.

kako-da-gi-osvoite-lugjeto-za-samo-90-sekundi-3.jpg

Втор чекор: Остварете контакт со очи

Според Бутман, пожелно е вие да го иницирате контактот со очи, дозволувајќи им на очите да го рефлектираат вашиот позитивен став.

Доколку чувствувате непријатност при контактот „очи во очи“ со луѓето, постои стратегија со која ќе се навикнете. Кога гледате телевизија, забележувајте ја бојата на очи на ликовите од екранот, а потоа изговорете си го називот на бојата во својата глава.

Следниот ден, направете го истото и со секоја личност што ќе ја запознаете.

Сепак, не заборавајте и да го оттргнете погледот во одреден миг – премногу контакт со очи може да делува непристојно или застрашувачки за другата страна.

kako-da-gi-osvoite-lugjeto-za-samo-90-sekundi-4.jpg

Трет чекор: Насмевнете се

Бутман советува дека е добро вие да бидете и првите кои ќе се насмевнат при остварувањето контакт. На тој начин, испраќате порака дека сте искрени.

Истражувањата за социјалните вештини и комуникација, потврдуваат дека доколку се смеете и сте фини кон луѓето при запознавањето, остварувајќи контакт во среќен контекст, луѓето подобро ќе ве запамет и ќе се сеќаваат на вас.

kako-da-gi-osvoite-lugjeto-za-samo-90-sekundi-5.jpg

Четврт чекор: Поздравете се

Без оглед на тоа дали ќе кажете „Здраво!“, „Добар ден!“ или можеби ќе примените некој поинаков израз, важно е при поздравот да звучите воодушевено, односно дека ви е задоволство што се запознавате со личноста.

Понатаму, испружете ја раката и подадете ја дланката. Цврството ракување (но, не премногу!), генерално создава попозитивни импресии.

Кога личноста со која се запознавате ќе ви го каже своето име, потрудете се да го повторите неколку пати.

На пример, може да кажете: „Сара. Мило ми е што те запознавав, Сара!“.

Ако се запознавате со повеќе луѓе истовремено, па не е возможно со секого одеднаш да се ракувате, тогаш Бутман вели дека поздравот со рака може и да го изоставите.

Направете сѐ што нормално би направиле при ракувањето – истакнете го срцето во нивна насока, кажете „здраво“ и насмевнете се – но, не ја пружајте раката.

kako-da-gi-osvoite-lugjeto-za-samo-90-sekundi-6.jpg

Петти чекор: Наклонете се

Нема потреба да се внесете во личноста со која се запознавате.

Сепак, со минималното, речиси  незабележливо навалување кон напред, ќе покажете дека сте отворени и заинтересирани за она што другата страна има да го каже.

kako-da-gi-osvoite-lugjeto-za-samo-90-sekundi-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg