Дизни принцезите во поразлично светло: Животот не е бајка
Веќе се навикнавме на фактот дека Дизни принцезите претставуваат симбол на чиста убавина, нежност и позитивни емоции. Веројатно покрај сите овие карактеристики тешко е да ги замислиме во некоја непријатна ситуација од реалниот живот.
Сепак, фотографот Шанон Дермони го направил невозможното.
Сакајќи да ја зголеми свеста на луѓето за секојдневните проблеми во светот, Шанон одлучил да ја изрази својата неизреченост низ серија на фотографии каде Дизни принцезите се соочуваат со проблеми од типот на семејно насилство, дрога, алкохолизам и слични пороци.
Очигледно, време е да излеземе од комфорт-зоната и да се соочиме со драматичната реалност.
С. У. | Црнобело