Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 работи од кои возрасните не би требало да се жалат наоколу

Се сеќавате дека како дете постојано се жалевте за сè и сешто? Зошто другарчето ви дало прекар кој не ви се допаѓа, зошто вашиот брат/вашата сестра добил/а поубава играчка, зошто не ве пуштиле да одите некаде, а сите од класот ќе одат...

3-raboti-od-koi-vozrasnite-ne-bi-trebalo-da-se-zalat-naokolu-1.jpg

Време е да го надминете постојаното кукање и жалење.

Возрасни сте, свесни и одговорни за своите избори.

Затоа, престанете да се жалите за овие 3 работи уште денес:

1. Каде работите или што правите за да преживеете

Да се соочиме со фактот – ретко кој си ја сака работата или работното место. Не мора  и вие да ја обожавате. Но, разберете дека тоа не е пасија, туку работа. Па, ако сте доволно среќен човек да имате работа и да имате прилив на пари, време е да престанете да се жалите. Ако работите напорно, треба да бидете горди на себе, не да се жалите дека денес сте имале уште една обврска плус.

2. Каков автомобил возите

Ова е лично прашање и личен избор за кој не треба да се објаснувате никому. Може да имате специјално дотеран автомобил со посебни додатоци и да го перете еднаш во денот, а може и да возите автомобил кој го имате само да ви врши работа, во превод, не се грижите многу за гребнатините и чукнатите делови кои ги има. Само не се жалете за она што сте го одбрале.

3. Каков е вашиот животен партнер

Веројатно најважната потточка. Останете приватни и почитувајте ја интимноста која ја делите. Не сите се среќни и не сите ја кажуваат вистинската слика за нивните врски и бракови, затоа немојте ни вие. Верувајте дека повеќе ќе ви се исплати да ги пофалите (дури и ако малку излажете), отколку да одите наоколу и да се жалите зошто не го наместил креветот или не ги измила садовите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg