11 познати личности кои ја докажуваат моќта на едноставноста
Честопати ни се чини дека познатите личности не можат да го сфатат животот на обичните луѓе.
Навикнати на луксуз и скап живот за многу од нив е незамисливо да живеат како поголемиот дел од обичните смртници.
Но сепак, како што од секое правило постои исклучок и меѓу нив постојат луѓе кои и покрај огромното богатство се одлучуваат за едноставност и приземност.
Ова се луѓето кои ќе ви покажат дека едноставноста претставува вистинска моќ доколку знаете правилно да ја искористите:
1. Коко Шанел
Креаторката заслужна за малиот црн фустан била препознатлива по едноставните шапки со пердуви, блузи со риги, јакни и манжетни покажувајќи дека дури и едноставноста е одраз на моќ и креативност.
2. Марк Закерберг
Основачот на Фејсбук е познат по неговите сиви маички и сини фармерки. Тој честопати има кажано дека изборот на облека не е нешто на кое сака да троши време и мисли.
3. Ингвар Кампард
Основачот на ИКЕА е, исто така, познат по неговата скромност. Купува облека на распродажба, вози старо „Volvo“ веќе 15 години и секогаш лета со економска класа.
4. Борис Џонсон
Поранешниот градоначалник на Лондон и сегашен Министер за надворешни работи на Велика Британија, до работа оди со најобичен велосипед. За него тоа е одлична замена за служен автомобил и ги поттикнува и граѓаните да го следат неговиот пример.
5. Џенифер Гарнер
И покрај огромната слава таа е обидува да води нормален живот, па често со децата може да биде видена во локалните супермаркети или пазари.
6. Тајра Бенкс
Еден од најпознатите американски супер модели не е голем љубител на скапите и ексклузивни ресторани, па често може да се види како јаде во некој сосема просечен ресторан.
7. Расел Кроу
Иако е еден од најплатените холивудски актери, тој одбил да живее во палата во Лос Анџелес и се преселил со семејството во Австралија, каде живее на ранч и вози сосема обичен џип.
8. Хајден Кристенсен
Станувајќи познат на рана возраст веќе на 35 години сфатил дека му е доста од богатиот холивудски раскош, па заедно се семејството се преселува во неговата татковина Канада, каде купува фарма и на која ужива да работи, одгледувајќи сопствени производи.
9. Арнолд Шварценегер
Иако е неверојатно познат тој воопшто не се фали со своите дела. Во 2004 година спасил човек од давење, влечејќи го 100 метри до брегот. Никогаш не го кажал тоа пред новинарите ниту го искористил за добивање публицитет.
10. Кијану Ривс
Актерот долги години е познат по неговата едноставност. Често може да биде виден како се вози во средствата за јавен превоз, облечен во наједноставна облека.
М. С. | Црнобело