9 „таленти“ кои ги имаат само луѓето со посебни вештини
Секој човек е уникатен на свој начин и секој има свои таленти.
Често пати се случува да кажеме „лесно можам да го повторам тоа“, но во суштина само еден во милион вистина може.
Обидете се да ги направите следниве девет трикови, кои навидум изгледаат лесни и едноставни, но резултатот ќе ве изненади.
1. Допирање на носот со јазикот
Повлечете го јазикот во права линија, и обидете се да го допрете врвот на носот. Ако успеете, вие сте сопственик на ретки генетски карактеристики. Само 10% од луѓето во светот го можат тоа.
2. Парализиран прст
Спојте ги дланките и прекрстете ги средните прсти. Обидете се да ги оддвоите палецот, показалецот и малиот прст. Успеавте? Сега сторете го истото и со само со четвртиот прст. Најверојатно нема да ви успее. Факт е дека тетивите на прстите се независни, освен на средниот и на четвртиот прст. Тие се поврзани едни со други. Сепак еден мал дел од луѓето знаат како да го направат тоа.
3. Кршење јајце
Што ако некој ви каже дека не можете да скршите обично јајце? Веројатно нема да поверувате и ќе се обидете. Притиснете го јацето со палецот и со показалецот на двете страни. Веројатно нема да се скрши. Силата со која прстите притискаат се распоредува рамномерно по целата површина помеѓу двете точки. Но којзнае, можеби и ќе ви успее.
4. Хиперподвижност
Во природата не постојат луѓе кои можат да ги виткаат лактите на двете страни. Сепак за некои оваа неприродност претставува леснотија. Лекарите ова го нарекуваат прекумерна подвижност на зглобовите и лигаментите. Таа флексибилност може да биде само вродена.
5. Неверојатни прсти
Како и кај зглобовите прстите можат да се виткаат на многу необични начини. Но, за разлика од зглобовите на екстремитетите, кај прстите оваа активност може да се развива. Најважно од сè е пред да се обидете да ги загреете и протегнете рацете.
6. Нацртајте го бројот 6, со движење на ногата во насока на стрелките на часовникот
Обидете се да го направите овој трик. Подигнете ја десната нога и со неа вртете кругови во насока на движењето на часовникот. Истовремено со десната рака обидете се да го напишете бројот 6. Мозокот ќе се обиде да ги реши двта проблеми истовремено. Но, на крајот ќе видите дека раката и ногата ротираат во ист правец.
7. Движење на рацете во спротивна насока
Еве уште еден сличен трик. Обидете се да правите кругови со рацете но во различна насока. Започнете полека а потоа забрзајте го процесот. Наскоро ќе забележите дека двете раце се движат во иста насока со различна брзина. Разликата во брзината на движење се должи на фактот дека мозокот ѝ дава приоритет на само една рака.
8. Невозможно е да подигнете нешто доколку сте прилепени до ѕид
Застанете покрај ѕид и на неколку стапки од вас поставете некаква играчка. Обидете се да ја дофатите без притоа да го одлепите задникот од ѕидот и без да ги поместите стапалата. Најверојатно ќе биде безуспешно.
9. Веќе имате супермоќ
Нека вашиот пријател седне на стол и нека ги прекрсти рацете пред градите. Вие со својот показалец притиснете го на челото не многу силно. Кога пријателот ќе се обиде да стане без да ги користи рацете тоа нема да му успее. Тоа се случува поради преместувањето на центарот на гравитација.
М. С. | Црнобело