Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледа едниот ист фустан на огледалата во 10 различни продавници за облека?

Веројатно многу пати ви се има случено кога испробувате некое парче облека во некоја продавница за облека таму да ви стои совршено, а кога се враќате дома и повторно се гледате во огледалото, исто како да гледате „друга личност“.

mit-ili-vistina-dokaz-deka-ogledalata-vo-prodavnicite-pravat-da-izgledame-poubavo-01.jpg

Жените главно се жалат дека на тие огледала изгледаат како повисоки и послаби и тоа е основата на која се одлучуваат да купат некое парче облека.

Урбана легенда или вистина?

Една австралиската новинарка која живее во Велика Британија докажува со низа фотографии направени во различни бутици дека станува збор за реалност, а не мит.

Аманда Пател се одлучила истиот син фустан да го проба во неколку различни продавници и да го фотографира нејзиниот одраз во огледалото.

Таа на секоја фотографија изгледа различно за која и самата вели: „Го менувам изгледот така да во еден момент сум совршен негативец, а во друг хобит со труднички стомак“.

За изведување на истражувањето и помогнала и Мелиса Као која работи како директорка на компанијата „Magic Mirror“ која стои зад правењето на огледалата и камерите кои стојат во соблекувалните за пробување на облеката.

Таа и потенцирала на Аманда неколку трикови со кои се служат продавниците за облека за да направат потрошувачите да изгледаат што е можно подобро.

Така на пример, огледалата се поставуваат под агол за секој кој ќе го погледне својот одраз да изгледа повисоко. „Само неколку милиметри се доволни за да направат голема разлика“ – објаснува Мелиса.

Продавниците често се служат со трикови и за менување на тенот. Еден од тие трикови е и употребата на кружно светло со кое се постигнува „Халоген“ ефект и се добива изедначен тен без маани на кожата.

mit-ili-vistina-dokaz-deka-ogledalata-vo-prodavnicite-pravat-da-izgledame-poubavo-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
8 едноставни трикови што ќе ви го олеснат секојдневието Како да ги држите малите ножички, како да ги ставите слушалките за да не ви паѓа...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg