Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што не сакаат да слушнат луѓето кои остануваат дома за викенд?

Вие сте екстровертна личност која едвај чека викендот да го помине во лудо забавување по дискотеки и големи забави покрај многу луѓе, но имате една личност во вашиот живот која постојано сака да биде дома.

shto-ne-sakaat-da-slushnat-lugjeto-koi-ostanuvaat-doma-za-vikend-01.jpg

Токму тоа или ве загрижува или ве нервира и постојано се обидувате да ја изнесете надвор од удобноста на домот со голем број на зборови и реченици кои само ја нервираат.

Ова се дел од тие реченици со кои нема да постигнете ништо и кои не би требало да и ги кажувате на личноста која сака да седи дома:


1. „Ама ќе ни биде забавно!“

Никој не вели дека нема да биде забавно, но дали знаете за овие луѓе што е позабавно? Можноста да се седи на двоседот со пуканки во рака.


2. „Немаш излезено цела недела“

Токму така и тоа е една од омилените работи во текот на целата недела. Можноста да се чувствува удобноста на сопствениот дом.


3. „Мислам дека си во депресија“

Никаде не е дефиниран како симптом на депресија фактот дека некој преферира да ужива дома, наместо да го поминува времето до 4 часот наутро во дискотека со полупијани луѓе.


4. „Значи ќе седиш сам/а дома? Оооо, тоа е тажно...“

За некои луѓе можноста да се седи пред компјутер за да се добијат генијални идеи и инспирации од некои интересни интернет страни или да се ужива во чипс заедно со омилената серија е најубаво поминато време.


5. „Ама сите сакаат да те видат“

Некои луѓе едноставно не се чувствуваат удобно посебно на големи забави, без разлика на тоа дали сите пријатели ќе бидат собрани на таа забава.


6. „Ќе престанам да те канам, бидејќи никаде не доаѓаш“

Единствениот одговор кој можете да го добиете, од личноста која сака да седи дома, на оваа реченица е: „Во ред“.


7. „Мораш да излезеш, да се ослободиш малку. Под стрес си.“

Не сте далеку од вистината, но за овие личности најдобар начин за ослободување од стресот е можноста да останат дома и да се релаксираат на двосед.


8. „Ама немаш никакви планови!“

За некои луѓе и седењето дома е одличен план.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg