Како да направите одлични фотки и без професионален фотоапарат?
Во дигиталната ера би можело да се каже дека сите имаат фотоапарати и сите стануваат професионални фотографи, но ова тврдење не е целосно точно.
Не е точно пред се затоа што, не сите се професионални фотографи, туку аматери. Како второ не сите фотографии направени од телефоните се квалитетни без разлика на тоа колку „пиксели“ се камерите.
За среќа постојат одлични начини со кои фотографиите направени од телефоните може да станат одлични и квалитетни. Cooperative of Photography има направено видео преку кое можете да добиете одлични идеи за неверојатни фотографии.
Така на пример, можете да употребите балон за да направите неверојатни воздушни фотографии.
Или, да ги употребите вашите очила за да направите варијации во светлината на фотографијата.
Или да направите винтиџ фотографии.
Погледнете ги триковите со кои вашите фотографии ќе изгледаат како да се направени со професионален фотоапарат.