Никој нема да ви ги открие разочарувањата на кои ќе наидете кога ќе се преселите во друга земја
Живеењето во сосема нов град претставува неверојатна авантура. Одеднаш се наоѓате на сосема ново место, пред сосема нови луѓе и ситуации. И додека го оставате куферот во новиот стан ќе чувствувате неизмерна среќа и возбуда, но работите не се така совршени.
По извесен период ќе сфатите дека многу разочарувања ве очекуваат пред патот. Тогаш ќе сфатите колку животот од кој сте бегале, сега сакате да го вратите назад, но немате можност.
Никој нема да ви ги сподели овие разочарувања кои ги откривате кога ќе преселите на другата страна од светот:
1. Вашите најблиски ќе бидат разочарани
Супер е фактот дека сте се одлучиле да го живеете животот од соништата, но тој останува одличен само за вас. Без разлика на тоа како ќе им ја објавите веста на родителите и најблиските, тие ќе бидат разочарани.
Во основа одлуката за живеење во странство е себичен потег, бидејќи никој друг не е среќен и задоволен освен вие.
Ако сте благословени со вистински пријатели тие ќе направат сè за да ги сокријат вистинските чувства, бидејќи не би сакале да ви ја дадат тежината на рамо која тие ја чувствуваат. Не би сакале да ја споделат болката и тагата која ја чувствуваат.
Дента кога ќе застанете пред авионот ќе сфатите од нивните нежни изгубени погледи колку вашата авантура за нив е вистинска тешка мизерија.
2. Ќе се чувствувате виновни постојано
Секогаш постои можноста да се случи некаква несреќа меѓу вашите најблиски и пријателите, но пораките од телефон и долгите Скајп разговори нема да помогнат.
Како што нема да бидете во лошите моменти, така нема да бидете присутни и на добрите моменти.
Постојат настани на кои со жал и разочарување ќе мора да кажете дека не сте способни да присуствувате на нив. Свадба на вашата братучетка? За жал вие сте предалеку за да стигнете.
Кога се селите на другата страна на светот ќе сфатите дека имате финансиски препреки кои ќе одредат вашиот социјален живот.
3. Ќе се чувствувате осамено
Веројатно до пред да се преселите сте биле опкружени со неверојатни луѓе кои ви изразувале силна безгранична љубов и биле ваша најголема поддршка и земја по која одите.
И во новиот град ако не сте срамежлива личност ќе имате можност да запознаете нови луѓе, но колку и да не сте вистински сами, ќе почувствувате осаменост и силна желба да ги видите оние луѓе кои ви биле најблиски.
Новата сосетка со која споделувате сè нема да ја замени вашата најблиска пријателка од детството.
Потребно е време да изградите цврсти врски. Ќе минувате време со нови и забавни луѓе, но со нив нема да можете да споделувате емотивни сеќавања и приказни.
4. Целосно ќе се промените
Пристигнувањето во нова земја ќе ве промени многу повеќе отколку што сте очекувале и замислувале. Ќе откриете нови страсти, интереси и стравувања, а и ќе ги промените ставовите и сфаќањата за животот.
Веројатноста е голема дека целосно ќе ги напуштите старите сфаќања и таа состојба е сосема во ред сè додека не сфатите дека промените ќе ве оттргнат од најблиските.
Оставате зад себе голем дел од животот, односно оној минатиот живот и вашиот развој и промени започнуваат да се одвиваат на некое ново поинакво место далеку од луѓето со кои сте израснале па речиси невозможно е да се вратите на старото.
Сега ќе имате нов дом кој делумно ќе ја пополни празнината, но ќе откриете дека никогаш нема 100% да се вклопувате и во новата средина, бидејќи тука ви недостигаат корени, минато, сеќавања и приказни.
Ќе ви се појават многу егзистенцијални прашања како: Каде припаѓам? Каде сакам да остарам? Што правам со својот живот?
5. Ќе ги загубите блиските пријатели
Преселувањето подразбира жртвување на пријателите. Повеќе нема да минувате стотици часови со нив. Ќе пропуштите голем дел од нивните важни случувања во животот. Можеби и ќе ви се случи да им го заборавите роденденот.
Ќе сфатите дека во вашиот живот колку и да не го посакувате тоа, тие луѓе мораат да си заминат од едноставна причина. Повеќе не сте заедно. Не сте тука еден за друг.
Блискоста си заминува кога патиштата се разделуваат.