Стави тоалетна хартија во зовриена вода и од неа направи неверојатна венчаница
Амбер Милс западнала во тешка депресија откако ја изгубила својата работа како маринец како резултат на мултиплекс склерозата. Таа сега е пензиониран ветеран и има интересно хоби.
Еден ден додека разгледувала што се случува на интернет, наишла на национален натпревар во кои учесниците имале за задача да направат венчаници од тоалетна хартија. Амбер веднаш одлучила да ја испроба оваа активност и открила дека е прилично умешна во тоа.
Натпреварот на кој се пријавила бил организиран од интернет страна cheapchicweddings која има за цел да им помогне на младите луѓе во заштедување и намалување на материјалните трошоци при организирањето на свадбите.
Задачата на сите натпреварувачи им е да направат фустан употребувајќи ги само достапните алатки: тоалетна хартија, лепак, самолеплива трака, игла и конец.
Креативноста на натпреварувачите е неверојатна, а пораката е во согласност со идеалите на интернет страната: Работите не треба да бидат скапи за да бидат убави.
Видеото го објаснува фустанот кој Амбер го креира за овогодинешниот натпревар.
Амбер со своето хоби носи уште една важна порака. Имено, бројот на американски ветерани кои страдаат од депресија е прилично голем.
Дури 3 – 25% од ветераните страдаат од полесна или потешка депресија. Според истражувањето на Американскиот Институт за ветерани бројката на ветерани кои страдаат од депресија е неверојатни 660.000 ветерани. Што воопшто не претставува мал број.
Во секој случај, Амбер била доволна среќна да и покрај пречките на кои наишла во животот особено по појавата на милтипли склерозата, да го открие вистинското хоби кое ќе и ја врати самодовербата и желбата за живот.
Амбер е само уште еден пример и дел од оние луѓе кои воодушевуваат со сопствената креативност. Така беше и со матурскиот фустан на девојката која сакала да заштеди 100-ци евра за фустан кој веројатно ќе го носи само на прославата.
Погледнете го видеото и уверете се во креативноста на Амбер.
Ви се допаѓа нејзиното дело?