Луда или храбра двојка: Си го ризикуваат животот за да доживеат адреналин
Леонардо Едсон Пареира и неговата девојка Викторија Медеирос Надер се пар кој сака сè само не мирен живот и одмор. За нив може да се каже дека се чисти зависници на адреналин кои времето го минуваат на опасни дестинации.
Фотографиите од нивните патувања истовремено ќе ве возбудат и заплашат. Екстремни височини и опасни предизвици, само така може да се опише она што ќе го забележите на нивните Инстаграм профили.
Тие постојано ја искачуваат планината Педра да Гавеа во Рио де Жанеиро, но не само заради погледот. Тие тука изведуваат трикови и акробации за кои е потребна вистинска храброст.
Кога за првпат се искачиле на врвот само седеле на него, а подоцна искачувајќи го многупати се навикнале на опасноста.
Гравитацијата повеќе за нив не е никаков проблем. Така сега и нивните фотографии се повозбудливи и застрашувачки.
„Сакам да живеам ризикувјаќи го моето постоење. Знам дека некои луѓе мислат дека тоа е само опасно и лудо, но јас така се чувствувам жив“ – објаснува младиот Леонардо.
Ништо поразлична не е и неговата девојка која целата своја доверба и сигурност му ја препушта нему.