Натписот на вратата на овој ресторан ќе ви ја врати вербата во луѓето
Mehmet Kürüc е 45-годишен човек кој живее во Минхен и има свој мал турски ресторан. Тој ја воодушевил јавноста со натписот кој го залепил на влезната врата на локалот.
Многу бргу сликата од неговите прекрасни зборови стана вирална и препознаена од сите.
Мехмет кој сите накратко го именуваат како „Мемо“ е бизнисмен од Инстамбул кој по двата неуспешни брака и пропаѓањето на компанијата, бил толку сиромашен и очаен што морал да се служи и со касата на неговите деца за да стигне до последните пари.
Кога дошол во Германија се одлучил да отвори мал локал именуван како Lazos Food and Drink во Минхен и тоа го сторил.
Полека, но сигурно му се вратила желбата за живот и работата бргу напредувала.
Сега сеќавајќи се на своето тешко минато, тој ја испраќа ова порака:
„Драги луѓе,
Гладни сте, но немате пари? Кај нас можете да јадете и подоцна да платите или Господ нека ве благослови.
Никој не треба да биде гладен!
Лазос тимот“.
Реакциите кон овој натпис се навистина големи и бурни. Неретко, по тројца до четворица дневно доаѓаат, ја прифаќаат понудата на Мехмет и подоцна плаќаат за нивниот оброк.
Во секој случај самиот гест е воодушевувачки.