Вашиот статус на Фејсбук открива каква личност сте
Денес многу често знаеме да процениме некоја личност според нејзиниот Фејсбук профил. Она што го објавува не секогаш мора буквално да се сфаќа и анализира, но може да даде некои општи карактеристики кои се врзуваат за некоја личност.
Многу луѓе знаат и лажно да се претставуваат на Фејсбук, но сепак постојат некои категоризации според она што ви е омилено, какви фотографии ставате или какви статуси пишувате.
Сепак, тоа е на некој начин споделување на ваше мислење или став, кој ве претставува како личност пред останатите.
Според едно неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот Брунел во Лондон, каде се проучувани 555 корисници на Фејсбук, дојдено е до следните заклучоци:
1. Луѓето кои објавуваат статуси за своите деца главно се многу совесни и внимателни.
2. Луѓето кои објавуваат статуси за актуелните прашања во културата, политиката, уметноста се многу отворени и своите профили ги користат како платформа за претставување и искажување, а не за дружење и поврзување.
3. За луѓето кои често пишуваат за своите љубовни проблеми и партнери, вообичаено имаат пониско ниво на самодоверба.
4. Оние кои објавуваат статуси за своите постигнувања, диети и фитнес навики, се луѓе кои многу водат грижа за себе. Таквите објави имаат тенденција да добијат најмногу лајкови и коментари со што им се зголемува нивото на самодоверба.
5. Екстровертните личности го користат Фејсбук првенствено за интеракција, па објавуваат сè и сешто само за да бидат актуелни. Често коментираат кај други и споделуваат за да остварат комуникација со што повеќе луѓе.
Во која група се пронаоѓате вие?