7 правила за белите кошули да ви останат бели

Белите кошули се класични, но и проблематични. Често знаат да ја менуваат нијансата на бела боја, па по неколку перења баш и не изгледаат како кога сте ги купиле.

kako-belite-kosuli-da-vi-ostanat-beli-01

За да го одржите нивниот сјај и квалитет и да останат бели, потребно е да следите неколку инструкции:

1. Прво и основно правило: Никогаш не ги перете белите кошули со шарената облека.

2. Спортската опрема треба да ја перете одделно од останатата, поради потта трагите од земја или трева.

3. Кошулите пеглајте ги додека се влажни.

4. Потта може да ја промени бојата на облеката, особено во пределот под пазувите. Со самото тоа не се советува да ја оставате белата облека во иста корпа за перење со другите, повеќе од еден ден.

5. Најчесто потта остава жолти кругови околу пазувите, а нив може да ги отстраните со нанесување средство за дамки. Оставете ги да отстојат преку ноќта, па исперете ги на висока температура.

6. По појавата на масни дамки, истријте ги тие делови со помош на шетка за заби на која претходно сте нанеле течност за перење садови.

7. Со грубо триење на дамките ризикувате само да ги размачкате или да го оштетите материјалот. Дамките секогаш треба да ги третирате со лесни и нежни триења.

На овие начини ќе успеете да ја задржите свежата бела боја на кошулите.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
Синди Лопер, Блонди - Како изгледаат денес пејачите чии хитови ги пеевме на цел глас во диско? Девојките беа заљубени во Мортен од A-ha, момците, пак, во Сабрина Солерно и Лен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg