Супер финта: Како да добиете повеќе сладолед за исти пари?
Летото уште малку ќе започне, а со тоа и долгите редици за една чоколадна смрзната топка сладолед. Но, како секогаш да добиете малку повеќе сладолед за исти пари? Имаме една финта!
Прво нарачајте една топка во корнет, дури и ако сакате повеќе топки. Откако продавачот ќе ја стави топката во корнет или чашка, побарајте уште една. Преправајте се дека сте се предомислиле во последен момент.
Првата топка по некое правило е секогаш најголема, а секоја следна ќе мора да биде со приближно иста големина заради баланс.
Кога во старт барате повеќе топки, втората и третата автоматски ќе бидат многу помали. Тоа е непишано правило кое треба да го знаете и да го искористите во ваша полза ова и секое следно лето.
Имате вие уште некоја испробана финта?