5 Лекции за животот кои ги научив преку готвењето со моите деца

Готвењето со вашите деца може да ве научи важни лекции за животот кои веќе ги знаете доколку го имате испробано ваквото готвење, но не сте свесни дека баш таа активност ве научила на нив.

5-lekcii-koi-gi-nauciv-preku-gotvenjeto-so-moite-deca-1

Доколку сепак сè уште немате пробано да готвите со вашите деца, не знаете каква забава пропуштате и кои се тие 5 лекции кои сè уште ги немате научено за животот.

Затоа продолжете со читање и откријте ги лекциите кои другите мајки ги научиле од готвењето со нивните деца и применете ги во пракса и вие.

1. Не секогаш ви се потребни ножеви и виљушки

Децата ве учат како да мешате салата, брашно и што уште не во кујната со раце, а тоа ви покажува дека не секогаш ви се потребни ножеви за да сработите нешто во животот, ниту пак виљушки со кои ќе сакате да им го извадите окото на непријателите на кои не им се допаѓа вашето јадење.


2. Кога децата прават избор во состојките при готвењето, учат како да избираат понатаму во животот

Децата може да измешаат состојки кои немаат допирна точка меѓу себе во готвењето и сепак од сето тоа да излезе највкусен специјалитет.

Ова ве учи на најважната лекција во животот, а тоа е да немате граници, едноставно експериментирајте со сè и сешто и очекувајте го најдоброто од тоа.


3. Проверката е најважна

Лижењето на лажиците од филот на тортата и вкусувањето на супата додека сè уште се готви е најдобар начин да бидете сигурни дека сè сте зготвиле како што треба.

Истото правете го за секоја работа во животот, што и да правите, секогаш проверувајте дали сте го сработиле истото добро.

5-lekcii-koi-gi-nauciv-preku-gotvenjeto-so-moite-deca-2

 4. Не треба да сте под стрес кога нередот е насекаде околу вас

Децата кога се во кујна со вас фрлаат брашно насекаде, истураат сол, шеќер, но тоа не е ништо страшно бидејќи се чисти кога ќе завршите со готвење.

Ова може да ве научи дека не треба да потпаднете под влијание на стресот кога нередот царува во вашиот живот, туку кога ќе заврши целата колуминација, нередот секогаш може да се среди без нервоза.


5. Кога повеќе раце прават нешто со љубов, тоа секогаш е поубаво, послатко, поинтересно...

Без разлика дали се работи за готвење, садење цвеќиња, подготвување забава, правење торта, украсување... запомнете дека истото секогаш ќе биде поубаво, послатко и повкусно доколку го направите со нечија помош, отколку сами.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg