Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто пржената сланина мириса толку добро?

Месен превкусен деликатес кој никако не може да се остави. Самиот мирис на сланината ја прави неодолива и неопходна за конзумирање. Во што е тајната?

zosto-przenata-slanina-tolku-dobro-mirisa-01.jpg

Научниците од америчката хемиска асоцијација во своите серии на истражувања на вкусовите и мирисите на различните јадења одлучиле да подлегне на испитување и сланината како едно од најпосакуваните јадења.

Самата помисла успева да направи да му протечат „лиги“ на секој човек на оваа топка. Кога станува збор за нејзиниот неодолив мирис, дури и најтврдокорните вегетаријанци не успеваат барем платонски да одолеат на овој свински деликатес.

За оваа цел подготвено е 3 минутно видео во кое се објаснува која е причината за сланината да биде толку неодолива. Накратко, објаснувањето лежи во нешто што се нарекува Мајлардова реакција.

Секое фрлање на парче сланина во претоплите тави за пржење ја предизвикува оваа рекција која ги спојува специфичните шеќери и аминокиселини. Покрај нивното спојување се разградуваат и мастите кое доведуваат до производство на стотина соединенија кои го даваат овој добро познат и специфичен мирис.

За време на истражувањето месото најнапред било пржено, потоа се мелело и било попрскано со азот се со цел да се вклопат органските соединенија кои се наоѓаат во сланинската божественост. Потоа пуштени на плинска кроматографија и спектометар. Идентификувани биле илјадници соединенија, но прашањето е на точно кое се должи оваа прекрасна миризба.

Заклучокот е во токму сите. Ниту една состојка не може да се одвои. Оваа миризба претставува склоп на сите соединенија кои се ослободуваат при пржењето. Како што е напоменато погоре, таа е резултат на аминокиселините и шеќерите кои се разградуваат, како и мастите. Од нив се формираат стотици типови на алкохоли, кетони и алдехиди. Делумно аромата претставува резултат и на состојката која се нарекува пиридин.

Би можело да ве интересира:

Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Морничави вистински приказни: Луѓе кои си го уништиле животот со една лоша одлука „За предизвик, дечко изеде полжав и се зарази со опасен паразит. Беше во кома и ...
6 потсетници за миговите кога мислите дека треба да се откажете од големите соништа Не заборавајте дека најголемите соништа не стануваат реалност преку ноќ и мора д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg