6 психолошки експерименти кои ќе ве натераат да размислите за вашето однесување
Зошто се однесуваме онака како што се однесуваме? Психолозите го поставуваат ова прашање одамна и се обидуваат да го одговорат со мноштво интересни, сурови и шокантни експерименти.
Ова се шестте најпознати експерименти во историјата на психологијата кои ќе ве натераат да се запрашате како вие во тие ситуации ќе се однесувате. Што мислите? Ќе биде поинаку од оние на кои им бил зададен експериментот?
1. Стенфордовиот затворски експеримент
Овој експеримент се смета за најнеетичниот експеримент во историјата на психологијата. Имал за цел да ги проучи психолошките ефекти кои може да ги има затворското опкружување на однесувањето. За таа цел 24 мажи биле одбрани да глумат улога на стражари и затвореници. Можете да замислите што се случило? Човекот е агресивно суштество по природа, до толку што заборава на било какви морални ограничувања. Стражарите безмилосно ги казнувале и мачеле своите затвореници цели 6 дена, додека експериментот не завршил. Што ќе сторите вие?
2. Виолинистот во метро
Дали ви се случува да застанете и да уживате на убавината околу вас? Веројатно не. Таков е одговорот на експериментот од 2007та година. Виолинистот кој имал задача во едно метро во Вашингтон да свири на 3.5 милионска виолина забележал дека многу мал број на луѓе застанале тој ден да ја слушаат неговата музика. Тој ден заработил замо 32 долари наспрема просечните 100 долари од една карта. Ќе застанете вие да уживате во музиката?
3. Клавирски скали
Теоријата на забава вели: „секое човечко однесување може да се промени и да се засака доколку истото е интересно и забавно“. И токму така, оваа теорија психолозите ја докажале со еден експеримент. Имено, во центарот на Стохолом на скалите до ескалаторот на еден трговски центар, нацртале клавир. Целта било да докажат дека луѓето своеволно ќе ја одберат позабавната опција. Тој ден дури 66% од луѓето решиле да пропешачат. Сакате денот да ви го направи некој поубав и позабавен?
4. Милиграмовите експерименти
Ние сме многу сугестивни суштества и лесно можеме да подпаднеме под влијание на личноста која има поголем авторитет од нас. Стенли Милиграм решил да провери до каде одат нашите граници кога ќе се одлучиме да слушаме друга личност, наспрема тоа да се водиме по нашите морални правила. Учесниците на овој експеримент имале задача да бидат учители и да задаваат електрични шокови на оние кои ќе одговорат погрешно на прашањата. Што претпоставувате? Кој се двоумел да задава шокови? Речиси никој. Не одвојувате ни трошка време за да размислите колку вие подлегнувате на шефот?
5. Ефектот на набљудување
Многумина веруваат дека шансата да добијат помош кога се во неволја е дупло поголема онаму каде има повеќе луѓе. Но, тоа не е така. Постои психолошки феномен кај луѓето кој вели дека поголема е веројатноста да помогнеме на некого тогаш кога има помалку сведоци. Оваа теорија е докажана на лондонските улици каде, на оние кои биле прометни, се забележало дека човекот кој барал помош воопшто не ја добивал. Ќе помогнете на некој кој е во неволја?
6. Малиот Алберт
Овој експеримент имал за цел да покаже како рефлексите и ирационалните стравови не се вродени, туку се создаваат. На девет месечното момче Алберт му бил покажуван бел глушец од кој на почетокот на експериментот, воопшто не се плашел. По извесен период секој пат кога ќе се обидел да го допре глушецот слушал силни и непријатни звуци се додека не научил дека треба да се плаши од глушецот. Од што вие се плашите? Кој ви го наметна тој страв?