7 Звуци кои ги слушате низ дома, но не знаете што претставуваат
Некои од звуците кои ги слушаме низ дома звучат сосема нормално, но за некои од нив треба да бидеме загрижени.
Тапиот удар во сред ноќ или чкрипењето кое го слушате од бањата можеби и не толку без значајно како што си мислите.
Затоа погледнете ги овие 7 необични звуци на кои треба да обрнете внимание:
1. Слушате како тече вода, а никој не ја користи
Убаво проверете ги чешмите дали добро се затворени, а потоа проверете ја машината за садови и за облека во случај да сте ги оставиле вклучени. Ако звукот и понатаму е присутен, затворете го главниот вентил за вода, а потоа проверете дали некаде низ домот имате истечена вода.
2. Чкрипење и тропање кое доаѓа од климата
Ако филтерот за клима е погрешно поставен, тогаш климата веќе сигурно се има затнато од прашина. Заради тоа може да се случи воздухот кој излегува од неа да произведува чуден звук. Исчистете го добро филтерот на клима уредот и заменете, а доколку и понатаму го произведува истиот звук тогаш викнете мајстор.
3. Се сомневате дека во домот имате „потстанари”
Најголемиот извор на бука се глувците, вервериците и стаорците кои шетаат на таванот или во подрумот. Глодарите никако не смеете да ги игнорирате, бидејќи тие ги грицкаат електричните кабли. Статистиките покажуваат дека причината за голем број на пожари е токму спојот кој се случува од оштетените електрични кабли.
4. Слушате гребење во олуците
Гребењето во олуците може да биде од глодари, но и од птици кои одат по олуците, особено ако има вода во нив. Ако водата се задржува во олуците, тогаш тоа значи дека тие не се правилно поставени. Во тој случај повикајте лимар за да бидете сигурни дека водата ќе тече далеку од домот.
5. Се слуша зуење во светилките
Ако слушате зуење од сијалиците, тоа е обично знак дека електричните кабли се олабавени. Ослабените жици можат да предизвикаат искри, кои можат да доведат во пожар.
6. Фрижидерот се помрднува или не престанува да зуи
Ако фрижидерот цело време се поместува или нешто тропка во него, тогаш проблемот може да е во компресорот. Зуењето може да значи дека нешто не е во ред со температурата, затоа не ставајте премногу храна во ладилникот, за да овозможите воздухот да циркулира.
7. Машината за сушење на облека произведува чкрипење
Ако го имате овој проблем, тогаш во прашање е ослабениот ремен. Ако сте заборавиле да ги извадите заштитните завртки, кои се поставени заради посигурен транспорт, тогаш може да чуете силно тропање.