3 прашања кои можат да ви го променат животот: Размислете како ќе одговорите

Често она што не прави посилни не се одговорите на другите, туку прашањата кои си ги поставуваме себе. Едноставните прашања на дневна основа одредуваат каква личност стануваме на долги патеки.

3-prasanja-koi-mozat-da-vi-go-promenat-zivotot-razmislete-kako-ke-odgovorite-01

Всушност, тоа е причината поради која треба подобро да размислите пред да одговорите на 3 клучни прашања:

1. Кога би имале пријатели кои со вас зборуваат на ист начин на кој вие зборувате понекогаш за себе, колку долго би им дозволиле да ви бидат пријатели?

Начинот на кој постапувате со себе ги поставува стандардите за постапување со другите. Мора да го сакате она што сте или и некој друг нема да го сака.

Со себе треба да постапувате како што би сакале другите да постапуваат со вас.

Престанете да се критикувате и почнете да се пофалувате за она што сте го направиле добро.

Мора да научите да бидете свој најдобар пријател, бидејќи понекогаш се паѓаме во стапица каде сами на себе сме си најголеми непријатели.

Забележете како разговарате со себе. Гледајте си ги своите мисли. Имајте на ум дека само вашите мисли се тие кои може да ве повредат.

Размислете какви зборови и мисли употребувате кога разговарате со себе. Колку позитивни или негативни контексти употребувате.

Целта е вашиот однос кон себе да ви биде најблизок и најважен. Затоа, запрашајте се: Кога последен пат некој ви кажал дека ве сака такви какви што сте и дека му е важно она што го мислите и чувствувате.

3-prasanja-koi-mozat-da-vi-go-promenat-zivotot-razmislete-kako-ke-odgovorite-3.jpg

2. Кога денес би бил вашиот последен ден од животот, дали би го правеле она што го испланиравте за денес?

Дајте си време за да размислите и ако вашиот одговор е „Не“, тогаш знаете дека е време за промена.

Сите сме свесни дека животот е краток и дека на сите ќе ни дојде крајот, а сепак сме изненадено кога ќе му се случи на некој што го познаваме.

Живејте го својот живот во сегашноста. Не ја игнорирајте смртта, но немојте да се плашите. Плашете се само од животот кој никогаш не сте го живееле. Најголема загуба е она што умира во вас, додека вие сте живи. Бидете храбри, колку и да сте исплашени и преземете го следниот чекор за да ги исполните своите соништа.

Престанете да се грижите за тоа што другите посакуваат за вас и почнете да живеете за себе.

Пронајдете ја својата љубов, своите таленти, своите страсти и престанете да се криете зад туѓите одлуки. Вие дизајнирајте го сопствениот живот.

3-prasanja-koi-mozat-da-vi-go-promenat-zivotot-razmislete-kako-ke-odgovorite-2.jpg

3. Што е тоа до што се држите, а би требало да го пуштите?

Тоа полека ви се случува додека растете. Откривате кои сте и што сакате, а потоа сфаќате дека постојат промени кои би требало да ги направите. Чувајте ги убавите спомени од минатото, но најдете начин за да продолжите понатаму.

Некои работи треба да прифатите дека едноставно не се судени да се случат. Обидете се да ги заборавите и да продолжите храбро низ животот без да се вртите назад и да се потсетувате на она што не ви се остварило.

Промените во животот се неизбежни. Сè е променливо – вашето тело, вашиот однос. Вие немате контрола над секоја ситница која ви се случува, но имате контрола над тоа како сте одлучиле тоа да го прифатите.

Обрнете исто внимание на позитивните промени, како што обрнувате на промените кои ви прават проблеми. Понекогаш неочекуваното може да биде подобро од она што сте го очекувале.

Неочекуваниот нов почеток секогаш се појавува тогаш кога мислите дека е крај.

Не се вознемирувајте за малите работи. Живејте едноставно. Сакајте многу. Зборувајте ја вистината. Работете внимателно. Препуштете се на она што ви го носи животот.

3-prasanja-koi-mozat-da-vi-go-promenat-zivotot-razmislete-kako-ke-odgovorite-1.jpg

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg