Сè е баш така како што ви изгледа!
Првиот впечаток, првото чувство, првата помисла се особено важни во секоја ситуација. Колку и да не верувате доволно или се сомневате дека нешто само ви се причинува, така е како што ви изгледа.
Понекогаш не сакате да си признаете дека може да е вистина она што го мислите или чувствувате.
Некои го сметаат за шесто сетило, некои за интуиција, некои за залажување, страв или утеха, но тоа е она што го гледате.
Како што се чувствувате - такви сте. Ако ви прелетува некоја мисла за некоја личност или ситуација - не е случајност.
Ако ти се допаѓа - заљубен/а си без разлика кој или што е.
Ако тебе ти е добар/а и за другите е.
Ако сакаш нешто да освоиш, го освојуваш.
Ако ти е страв, трепериш.
Ако те нервира некој полудуваш. Но, исто и ако ти е многу убаво со него/неа - полудуваш.
Ако мислиш дека нема да најдеш веќе таков/а - нема.
Ако се надеваш на подобро - ќе дојде.
Ако се надеваш на вистинскиот/та - ќе те стигне, колку и да трчаш брзо.
Ако мислиш дека сега е моментот - ќе се случи.
Ако се сомневаш дали е искрено - некој те лаже.
Ако гледаш низ малиот отвор сè ќе ти изгледа ситно, мало и далеку. Ако ја отвориш вратата, ќе влезе она што треба, а ќе излезе сè друго.
Ако ја треснеш вратата, ќе останеш сам/а.
Ако веруваш во успех - ќе успееш.
Ако се сомневаш - ќе пропаднеш.
Ако се плашиш - ќе те изедат, ако глумиш храброст - ќе те сомелат.
Ако си храбар/а - ќе победиш.
Ако е вистинско, ќе се најде и начин и време.
Ако е лошо - препознај го, оцени го, пушти го, предај се, бегај.
Ако очекуваш - ќе се разочараш.
Ако станеш можеби ќе паднеш, а можеби и не.
Ако седнеш нема да паднеш, но потешко ќе станеш.
Ако ти се спие, легни. Ако ти се сонува, фантазирај.
Ако ти се сака, прво земи го огледалото и почни.
Ако нешто сакаш - не го пуштај.
Ако играш - заврти се.
Ако сакаш промена - направи ја.
Ако мислиш на болката - ќе те боли посилно.
Ако сакаш некого - простувај.
Ако не сакаш некого - пушти го/ја. Ако некој не те сака - исто.
Ако не ти се допаѓа нешто - издржи. И ако ти се допаѓа - издржи. Еден ден сето тоа ќе стане вчера.
Сè поминува, па и ние.
Ако ти се чини дека не можеш - нема да успееш.
Ако мислиш дека можеш - можеш и мораш.
Имаш одговорност кон себе. Имаш обврска. Имаш шанса. Имаш моќ.