Работи кои ужасно ги нервираат сите келнери

Сигурно веднаш може да се пожалите на келнерите кои не ве слушаат, ја грешат нарачката, не се љубезни, намуртено ве гледаат, немаат кусур да ви вратат...

raboti-koi-uzasno-gi-nerviraat-kelnerite-01

Но, сте се запрашале ли некогаш, што е она што ги нервира келнерите и што се крие зад нивното нерасположение.

Можеби мислите дека ако сте гости и ако плаќате за тоа што го јадете и пиете, дека може да се однесувате како сакате.

Но, за доброто на двете страни, подобро е да ги избегнувате овие неколку работи.

1. „Извини, извини! Еј, дечко! Келнер! Еј ти!“

Не мора по стопати да го довикувате, иако е во движење и не се врти, ве слуша и ќе дојде да ве услужи.


2. Оставање на мастиката во пепелникот

Никогаш, ама баш никогаш немојте да ја оставате мастиката во пепелникот, бидејќи првенствено им пречи на оние кои се пушачи со вас на маса, а потоа и на келнерите кои не можат да го истресат пепелникот, а уште повеќе на оние кои ќе треба да ја одлепат за да го измијат.


3. „Не сакам ништо. Или може една чаша вода“

Ниеден келнер не сака да служи некој кој само ја користи масата и познатото друштво, а притоа да не нарача ништо што се плаќа. Со чашата вода, само го мачите и му одземате време, а не му давате ништо за возврат.


4. „Може ли тука да ја изедам кифлата од пекарата?“

Зошто не сте ја изеле во пекарата? Додека сите пијат кафе или коктел вие со кифлата во раце и чашката јогурт, баш и не изгледа пријатно за околината. Но, и ако ви го дозволат тоа, внимавајте што оставате зад себе. Не е должен келнерот во кафулето да ви ги собира трошките и кесите.


5. Преместување столици

Доаѓате цело друштво и мислите дека локалот е ваш. Подобро е да прашате дали може да ви помогнат да ве сместат, отколку сами да разместувате и да земате столчиња од каде стигнете. Сепак, не сте дома.

raboti-koi-uzasno-gi-nerviraat-kelnerite-4.jpg

6. „Извини може да ја намалиш музиката?“

Ова е во ред, ако сте сами или само вашето друштво во кафулето, па може да ви угодуваат. Но, ниеден друг гостин, ниту персоналот не се должни да ги слушаат вашите желби.


7. Гледање на кафе

Ова најчесто се практикува во малите маалски кафулиња, каде речиси се чувствувате како дома, но сепак не сте. Помислувате ли колку тацни и филџани треба да бидат измиени ако цело друштво си гледа на кафе?


8. „Не знам што сакам“

Ниту на друштвото не му е пријатно вашата одлука да биде главна тема ан масата, ниту на келнерот кој стои и ве чека вие да решите, додека постојано повторувате: „Не знам што сакам“.


9. „Може ли малку вода во мала чинија за моето куче?“

Во многу кафулиња немаат ништо против домашните миленици, но вие сте тие кои треба да внимаваат и да се грижат за нив. Ако знаете дека имаат поголема потреба за вода, носете си со вас шише со вода. Не е келнерот должен да го служи и вашето милениче.


10. Влегување во 5 до 12

Таман исчистиле сè и се подготвуваат да си одат од работа, бидејќи работното време им е до 12, вие влегувате само на уште една пијачка. Сигурно ќе ве мразат, иако поради поголем промет, не би требало да ве одбијат. Во тој случај, барем оставете бакшиш.

raboti-koi-uzasno-gi-nerviraat-kelnerite-3.jpg

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg