Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рекордери: Татко и ќерка имаат најшироки јазици во светот

Гинисовата книга на рекорди е преполна со најразлични достигнувања, но досега никој не се пофалил со најширок јазик. И тоа не е само еден човек, туку веќе има и наследник, неговата ќерка.

rekorderi-tatko-i-kerka-imaat-najsiroki-jazici-vo-svetot-01

Бајрон Шленкер (47) од Сиракјуза, во американската држава Њујорк и неговата ќерка Емили го заслужиле местото во Гинисовата книга на рекорди, благодарение на неверојатно широките јазици. Неговиот јазик е поширок од Iphone 6, а ни 14-годишното девојче не заостанува многу.

Јазикот на Бајрон Шленкер е широк 8,6 cm, што е еднакво на ширината на просечниот подметнувач за чаши. Поради овој природен феномен, тој станал најславна личност во својот град.

rekorderi-tatko-i-kerka-imaat-najsiroki-jazici-vo-svetot-1.jpg

Јазикот на неговата ќерка Емили е за 1,3 cm потесен, што ѝ овозможило да се запише во Гинисовата книга на рекорди, за најширок јазик во женска категорија.

Тие отсекогаш знаеле дека немаат нормални јазици како другите, но сосем случајно откриле дека може да станат рекордери.

- Моите пријателки често се шегуваат на сметка на Бајрон и неговиот јазик, во врска со нашиот сексуален живот, но јас не паѓам на провокации - изјавила Вики, сопруга на рекордерот со најширок јазик во светот.

rekorderi-tatko-i-kerka-imaat-najsiroki-jazici-vo-svetot-2.jpg

Погледнете го видеото со нивната приказна и како навистина им изгледаат јазиците:

Би можело да ве интересира:

Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg